1. Не можам да го разберам брзото возење на партизанска. Мене ми е страв да возам појше од 70 таму, пошто знам дека и покрај тоа што ставија семафори за пешаци знае некој да претрча или некоја кола да си се отпаркира од тротар и да ти се симне директно на средна лента. Да не прајме муабет колку е непрегледно поради тоа што има дрва, грмушки, паркови и цела шума на средината на партизанска, како и фактот што има голема фрекфенција на луѓе поради тоа што и од двете страни на партизанска не само што има станбени згради, туку има еден куп кафичи, пекари, па и градежен факултет е тука.
2. Околку муабетот за увезени коли ќе се сложам, се увезе целото ѓубре од Европа за ефтини пари, а ова е форум за коли и сите тука многу убаво знаеме дека нема ефтина добра кола. Не може бе едвај да скрпиш 5000 евра и тоа со кредити и да купиш премиум кола што си бара одржување, пушти си ги нозете колку што ти е чергата, ама не, битно е да се каже пред луѓе дека се вози мерцедес.
Пред извесно време видов увоз Х5-ка, гумите и бие сликови, ама буквално, само не е тоа битно, битно бмв се вози. Исто така имам приметено дека најкретенското понашање и курчење во сообраќај во 80% од случаите доаѓа од возачи на постари коли со тазе таблици.
3. Пешациве дознаа дека мора да им се застанува, па тргнаа да го ослободуваат Скопје. Генерално како народ не е да ни се укаже на некое право што го имаме, максимално ќе го злоупотребиме, затоа што никој не го интересираат обврските што произлегуваат од истото. Значи не може коа ќе ти прдне да пројдеш, не може да пројдеш кај сакаш, црвеното и зеленото светло имаат ИСТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СИТЕ и пешаци и возачи, не може да се понашаат ко манекени, не може да глеаш у телефон и да преоѓаш улица или да возиш кола или да не приметиш дека има пешачки па да поднамалиш брзина. Значи сите во сообраќаајот имаме и права и ОБВРСКИ, што побрзо се сфати ова, толку подобро и со помалку жртви.
4. Во полицијата нема надеж, се е тоа максимално извмровизирано и додека не се смени министер или влада нема да видиме поинаква полиција. Начинот на работа за жал е тој, да се биде служба на еден човек или помала група на луѓе, а не на народот и да се казнува за да се полни буџет, а не за да се воведе ред и дисциплина во сообраќајот. Кампањата за безбедност во сообраќајот им вроди со плод само на банкарските сметки, во реалноста не ми изгледа како да се намалиле жртвите и незгодите. Ме загрижува фактот што има се повеќе жртви во сообраќајни незгоди што се случуваат низ град, порано не беше така, улиците, раскрсниците и пешачките премини беа многу побезбедни.