Епа овие бензинци се безвезе заради цената. Односно се ограничени на 4 такта од механичка природа. Ако се воведе еден меѓутакт пред компресијата се добиве “пет“ тактен мотор. Кој веднаш добива 10% поголема ефикасност, а скоро никаква промена во моторот. Ова е случајот кај приус. И според мене треба да се користи секаде - ама ај.
Ако компресираш смеса таа може да се компресира помалку од што треба, и плус да се запали пред време. Тоа се гарантира при поголеми притисоци. Значи ако вметнеме дизел вбризгување во бензински мотор ќе добиеме почист мотор од дизелот - кој ќе ги има скоро истите карактеритики. А палењето под поголем притисок ќе овозможи поголема искористливост на моќта од експлозијата. Зошто ударниот бран ќе биде доста поголем во првите неколку моменти. Соодевтно ќе се покачи моќноста, односно ќе се намали потрошувачката.
Сакам да кажам има милион причини ситно, како да се подобрат моторите - ама за инает не се користат.