Golf 32 000 евра со софтверски греќки и што ти знам таму глупости.
Chery FX 31.000 евра, ДонгФенг 580 22.000 евра итн. со опрема од вселенски брод. Да не зборуваме за електричните брендови. Далекуу, далекуу подобри испѓаат кинезите, и затоа овие од ЕУ се бунат и мрчат, зошто истата кола (Голфов еве) со кинески компоненти, сакаат да ти ја продаат дупло наместо истата кола од Кина да ја купиш поефтино со неверојатна опрема. Капиталистот те дупи во здрав мозок, перејќи ти го мозокот со набивање комплекси
Човек треба да биде налудничав да има стереотипи и предрасуди за кинезите. Ма светска сила, да имам пари, одма порачувам Chery FX, ЕУ, Америка, Јапан Мапај Кореја, аут.
До некаде е така. Со Тесла во европа им зададоа огромен удар и тесла е најпредавана кола во ЕУ во 2023. А допрва влегува BYD со конкретно фабрика во ЕУ.
Кај кинезите и донгфенг и слично не знам дали се поцинкувани. Тоа веќе од 2013та го има и Лада Нива, ама видов некаде дека покажуваа масивни корозии. Ама не сум сигурен дали тоа е случај со нашиве варијанти. Инаку T5 evo можеш да си го нарачаш од AliBaba уште поефтино, само напиши го моделов како т5 ево и ќе ти искочи реалната цена на чинење.
Ако се поцинкувани, стварно се добри коли.
Во денешно време, 2024, не ми се верува дека не се поцинкувани, на сето ова што го нудат, а и од доле имаат добра заштита мислам пластика, крилата и кај тркалата има заштита како од платно и пластика, а мислам даваат и гаранција за корозија. Тој проблем со корозијата беше до 2010 кај сите производители, особено јапонците и корејците имаа проблем. Ама го решија, а кинезите беа аматери тогаш во авто индустријата.
Денеска имав можност да се запознаам и ги видам од блиску кинезиве, Донг Фенг 580, Chery FX, Tiggo 7 Pro & 8 Pro. Човече ова што го видов е за не верување, ова е чудо на кое дошле ниво кинезиве. FX особено за помлад човек, вселенски брод. Масивна конструкција и цврста каросерија, , нема шупливи звуци, внатре интериерот на ниво завршната обработка, комфор огромен иако кинезите се ситни луѓенца. На кое ниво стасаа жутиве, страшно. И замисли, Донг Фенг го добиваш за 22 000 евра, Chery FX 31.800 беше мсм, Тиго 7 Про 36.000 и Тиго 8 Про за 38.000 така нешто, не пречекоруваа ни 40.000 евра, не се сеќавам точно на цената а добиваш опремиште, металик боја, алу фелни со интереснк комбинации, добиваш страшно нешто за таа пара. Аа деновиве изложени се и во Ист Гејт, појди таму или во салон, ќе останиш со отворена уста, јас немав коментар, освен "вау". Затоа овие од ЕУ се плашат бе маме им нивно мафијашко. Алал им вера и на Чери и на ДонгФенг, а тек биче жустро кога ќе дојди скроз правиот наплив и со електричниве, BYD итн, освен ако не воведат некоја санкција овие забеганиве од запад. Ех, пред 10 години светот отвараше фабрики во Кина, а денеска Кина отвара фабрики во светот, еве и во Маџарска за сефте. Браво, браво, браво.