Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2276805 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19275 на: 24 Јануари 2024, 18:44:18 pm »
Секако дека сум ги видел. Има и тест на сајтов.
https://www.carclub.mk/2023/12/21/test-chery-fx-noble-color-ekstroverten-i-hrabar/
https://www.carclub.mk/2023/11/07/test-chery-tiggo-8-pro-nov-i-seriozen-i-golem-natprevaruvac/

Супер се колите. Малку се скапички реално, ама можеби ќе се подоправат со цените. Само ова со поцинкувањето би сакал да го проверам, пред да може да кажам со сигурност.

Еве Co-Pilot што вика:

According to the web search results, some Cherry cars are galvanized, while others are not. Galvanizing is a process of coating steel or iron with a layer of zinc to protect it from corrosion and rust. Galvanized cars are more durable and resistant to environmental factors than non-galvanized cars.

The web search results show that the TIGGO 8 PRO1 and the TIGGO 2 PRO2 are two models of Cherry cars that are galvanized. The TIGGO 8 PRO is a SUV that features a LED headlight, a fully cladded luxury seat, a 1.6T GDI engine, and adaptive cruise control1. The TIGGO 2 PRO is a compact crossover that features a 1.5L DVVT engine, a 9-inch touch screen, a panoramic sunroof, and a tire-pressure monitoring system2.

The web search results do not mention any other models of Cherry cars that are galvanized, so it is possible that they are not. However, this does not mean that they are inferior or unsafe. Non-galvanized cars may have other methods of protection, such as paint, wax, or sealant, that can prevent or delay rusting. Non-galvanized cars may also be cheaper and lighter than galvanized cars, which can be advantageous for some customers.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19276 на: 24 Јануари 2024, 18:50:45 pm »
Пиша еден член дека имал две Чери(кое глупо име) во фирма и рече дека едно е сигурно, а тоа е дека  нема да има и трето, ама не кажа зошто. Кинез за точак не го бива да склопи, а не пак животот да му го довериш. Ќе наоѓаш сигурно со тек на време заборавени и нестегнати штрафови .
Неможи некој што проиведува коли цел живот, да го споредиш со некој кој вчера почнал и да кажиш дека се на исто ниво
Германците склопуваат, а компоненти порачуваат од цел свет вклучително и од Македонија. Во нашиве фабрики, Кромберг, Костал итн, се произведуваат цели инсталации, компоменти и електрични снопови за моторите, за возила и до цена од 200-300.000 евра. Мерцедес ни врати цели камиони шлепери со роба за преработка поради грешки во произвидство, не доврзани жици, пукнати џекови, покуси кабли, итн, мислам дека беше жалбата до Кромберг. БМВ проектот од Македонија го премести во Холандија заради истово, седиштата и воланите не биле по пропис произведени, имало нешто не адекватно, Гентерм произведува волани за германските производители. Така да, нее баш веродостојно да се имаат предрасуди. 99% од денешниве производи за се, не само авто индустрија, се тие кинеско. И овие таблетите во возилава се кинески, што ако експлодираат или се запалат,  а ги има во сите ЕУ возила, затоа опен мајнд. Така да, пазарната економија ја диктираат жолтите

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19277 на: 24 Јануари 2024, 18:54:36 pm »

Why China is Flooding Europe with Cars!

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5926
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19278 на: 24 Јануари 2024, 18:54:44 pm »
Во Гентерм се прават за тесла модел Y и BMW G30 најмногу. За тесла нормата беше исечени 1200 парчиња на сат.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19279 на: 24 Јануари 2024, 18:56:53 pm »
Во Гентерм се прават за тесла модел Y и BMW G30 најмногу. За тесла нормата беше исечени 1200 парчиња на сат.
Заради превисоки норми, плус почнаа да ги тераат и по 12ч да работат, затоа и ни вратија роба и од фабриката за производство во Шпанија и од Германија цели шлепери. И ова е се почесто. А некогаш и така поминуваат, за 2-5см толерираат.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19280 на: 24 Јануари 2024, 18:59:08 pm »
Не е проблем кај се произведуваат, туку како и колку квалитетно се склопуваат. Се надевам ќе имам прилика да повозам кинез и да сменам мислење, ама до тогаш моето мислење е такво, кинеска кола ни ка ко.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19281 на: 24 Јануари 2024, 19:15:07 pm »
Рече човекот со алфата :D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19282 на: 24 Јануари 2024, 19:27:16 pm »
Не е проблем кај се произведуваат, туку како и колку квалитетно се склопуваат. Се надевам ќе имам прилика да повозам кинез и да сменам мислење, ама до тогаш моето мислење е такво, кинеска кола ни ка ко.

На следното доаѓање во Македонија, ќе ти договориме тест-возења. :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19283 на: 24 Јануари 2024, 19:39:30 pm »
Него да се убацам малку во муабетов.

Кинеските производители имаат неколку важни предности. Прво и основно - традиционалните брендови селеа производство на компоненти во Кина поради поевтина работна рака. Тоа им овозможи на кинезите да научат, да ископираат - па дури и да подобрат од време на време. И разбирливо - го искористија тој know-how кој го стекнаа кај традиционалните брендови за да направат свои производи. На почетокот производите беа срање, ама многу брзо учат и многу брзо подобруваат.

Понатаму, Кина како Кина има скоро неограничено многу пари. Фактот дека се (помалку или повеќе) „фабрика на светот“ и дека имаат константен прилив на пари го гарантира тоа. За ресурси да не зборуваме. Тоа пак им овозможува да купуваат наместо да развиваат. Зошто го купија Saab? Зошто го купија Volvo? Зошто го купија Lotus? Зошто кинеска компанија е најголем акционер во Daimler-Benz? Заради технологиите, нормално.

Е сега - и ова е многу важно - подемот на кинеските брендови започнува во интересен временски период, односно во период на транзиција на автомобилската индустрија од мотори со внатрешно согорување кон струја и алтернативни горива. Тоа значи дека кинезите немаат потреба да развиваат милион различни мотори, туку можат да се концентрираат на електричните возила. Го немаат „товарот“ на МВС.

Плус, многу, многу, ама стварно многу брзо учат. Подобрувањата кои традиционалните брендови ги прават преку една-две генерации на возила, кинезите ги прават со фејслифт. Какви им беа колите пред 10 години, какви им се сега? Какви возила имаат во моментов за кои ние не знаеме? Какви ќе им бидат возилата за 10 години? Вистината е дека во многу сегменти, европските брендови не само што не се еквивалентни на кинеските, туку дури и каснат. Особено во контекст на он-борд технологии.

Како и да е, интересен шифт се случува и мене ми е многу интересно да го следам и да го гледам.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19284 на: 24 Јануари 2024, 20:05:03 pm »
Целиот овај напредок е благодарение на тогашниот претседател Денг СјаоПинг, кој Кина ја оттргна од затворен "Маов" систем, во отворена модерна социјалистичка земја. Западните компании сакаа ефтина работна рака, тие им ја понудија Кина, океј дојдете влезете, влегоја сите овие на кинеско тло, тие мислеа дека само ќе ја користат работната сила, ама во меѓувреме како што рече, учеа и стекнуваа знаења, што се вика, чиракот треба да краде од занаетот за да научи, иначе никош нема да стани мајстор. Така и кинезите, прераснаа прво во супер технолошка сила а потоа и економска. И баш тоа што рече се случува, западот не го очекуваше овај напредок на Кина, гледаа со потсмев, а сега не можат да им парираат. Затоа секогаш се вели дека ученикот секогаш излегува подобар од професорот.

Башка и за ресурси. Тие имаат се, не увезуваат ништо од надвор, сето е нивно домашно производство, и материјали и природни ресурси. Едино што увезуваат на големо е само нафта и енергенси,итоа од Русија најчесто е тоа. Затоа и се ефтини нивните производи, бидејќи се е нивно. А европските производители мораат да купат се, да го состават и кога ќе формираат цена им испаѓа не испатливо и затоа имаат високи цени. Еве сега за фабриките да работат, војната во Украина ги дрна, нема руски енергенси, фабриките не можат на сонце да работат оти Германија нема сонце и се зависни од туѓи енергенси. Скапа работна сила, скапи увезени компоненти. Е ова сето Кина не го плаќа, а овие се купуваат, а купено е исто ко дупено, кога тогаш ќе пресуши изворот, како со енергенсите од Русија за Германија, санкции? Ок, нема проблем, Путин го затворе вентилот, па нека работат на сончева енергија сега. А кога се работи за технологија, мозокот им е како памук на жолтите.

Еден од нашиве бизнисмени за производство на апарати, имаше кажано: Бевме во Холандија, Германија, Англија, САД и уште каде не, ама Кина е дргуа димензија, 1000 години пред сите, живееш во друг универзум. А исто е и со Кореја, Јапонија и Сингапур. За три децении од рурална и земјоделска земја се трансформираа во супер економска и технолошка сила. Едноставно, како и да речиш, и да осудува и да има предрасуди човек, еднаш ќе сфати дека Кина е супер сила.

Да не звучам про-кинески многу, ама таа е реалноста. И јас не очекував, ама еве денеска се уверив, секоја им чест. Со се погазија. Така се работи, нема застој  и затоа нема дебели луѓе таму хаха, сите работат нешто, се шалам офц  :P ;D

« Последно менување: 24 Јануари 2024, 20:11:19 pm was »

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19285 на: 24 Јануари 2024, 20:18:25 pm »
Додека западот (уса и модерната европа) се ебаваат со HE/SHE pronauns и i identify as a cat/dog и остали лгбт и мигрантски исламистички срања,  кинезите ќе го населат марс и на дневна основа ќе си патуваат марс/земја со телепортација...

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19286 на: 24 Јануари 2024, 20:44:58 pm »
Golf 32 000 евра со софтверски греќки и што ти знам таму глупости.
Chery FX 31.000 евра, ДонгФенг 580 22.000 евра итн. со опрема од вселенски брод. Да не зборуваме за електричните брендови. Далекуу, далекуу подобри испѓаат кинезите, и затоа овие од ЕУ се бунат и мрчат, зошто истата кола (Голфов еве) со кинески компоненти, сакаат да ти ја продаат дупло наместо истата кола од Кина да ја купиш поефтино со неверојатна опрема. Капиталистот те дупи во здрав мозок, перејќи ти го мозокот со набивање комплекси

Човек треба да биде налудничав да има стереотипи и предрасуди за кинезите. Ма светска сила, да имам пари, одма порачувам Chery FX, ЕУ, Америка, Јапан Мапај Кореја, аут.
До некаде е така. Со Тесла во европа им зададоа огромен удар и тесла е најпредавана кола во ЕУ во 2023. А допрва влегува BYD со конкретно фабрика во ЕУ.

Кај кинезите и донгфенг и слично не знам дали се поцинкувани. Тоа веќе од 2013та го има и Лада Нива, ама видов некаде дека покажуваа масивни корозии. Ама не сум сигурен дали тоа е случај со нашиве варијанти. Инаку T5 evo можеш да си го нарачаш од AliBaba уште поефтино, само напиши го моделов како т5 ево и ќе ти искочи реалната цена на чинење.

Ако се поцинкувани, стварно се добри коли.
Во денешно време, 2024, не ми се верува дека не се поцинкувани, на сето ова што го нудат, а и од доле имаат добра заштита мислам пластика, крилата и кај тркалата има заштита како од платно и пластика, а мислам даваат и гаранција за корозија. Тој проблем со корозијата беше до 2010 кај сите производители, особено јапонците и корејците имаа проблем. Ама го решија, а кинезите беа аматери тогаш во авто индустријата.

Денеска имав можност да се запознаам и ги видам од блиску кинезиве, Донг Фенг 580, Chery FX, Tiggo 7 Pro & 8 Pro. Човече ова што го видов е за не верување, ова е чудо на кое дошле ниво кинезиве. FX особено за помлад човек, вселенски брод. Масивна конструкција и цврста каросерија, , нема шупливи звуци, внатре интериерот на ниво завршната обработка, комфор огромен иако кинезите се ситни луѓенца. На кое ниво стасаа жутиве, страшно. И замисли, Донг Фенг го добиваш за 22 000 евра,  Chery FX 31.800 беше мсм, Тиго 7 Про 36.000 и Тиго 8 Про за 38.000 така нешто, не пречекоруваа ни 40.000 евра, не се сеќавам точно на цената а добиваш опремиште, металик боја, алу фелни со интереснк комбинации, добиваш страшно нешто за таа пара. Аа деновиве изложени се и во Ист Гејт, појди таму или во салон, ќе останиш со отворена уста, јас немав коментар, освен "вау". Затоа овие од ЕУ се плашат бе маме им нивно мафијашко. Алал им вера и на Чери и на ДонгФенг, а тек биче жустро кога ќе дојди скроз правиот наплив и со електричниве, BYD итн, освен ако не воведат некоја санкција овие забеганиве од запад. Ех, пред 10 години светот отвараше фабрики во Кина, а денеска Кина отвара фабрики во светот, еве и во Маџарска за сефте. Браво, браво, браво.

Да не возеше на обиколница бел Cherry џип окол 15:20/30 часот?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19287 на: 25 Јануари 2024, 09:45:33 am »
Да не знае некој колку е просечна плата во Кина, поготово на тие што работат во автомобилска индустрија?

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19288 на: 25 Јануари 2024, 09:49:38 am »
About 65% of the salaries fell within the range of 12,800 CNY to 23,100 CNY per month. The lower 20% earned below 12,800 CNY, and the top 10% had salaries ranging from 23,100 CNY to 27,800 CNY, with only 5% earning above 27,800 CNY

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19289 на: 25 Јануари 2024, 11:09:05 am »
12,800 CNY to 23,100 CNY per month

1656,55 Eur to 2989,56 Eur per month

Не е баш ефтина работната сила, иако мислам дека е бруто плата ова.