Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2072130 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19260 на: 23 Јануари 2024, 18:50:21 pm »
Доста глупо и безвезално возило, баш ме интересира дали и колку ќе се продава. По тестови некој што ги гледав, на ладно време има само 50% од декларираниот WLTP рејнџ.

Имаш ли информација која би била почетната цена?
Нема цена, само на компензација ќе се дава.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3638
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19261 на: 23 Јануари 2024, 18:52:11 pm »
Веројатно и нив во Порше им е јасно која утка е возилово па затоа убаво забавиче за презентација си направиле, барем да се јаде - пие нешто :D
« Последно менување: 23 Јануари 2024, 20:53:46 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6553
  • French diamond
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19262 на: 23 Јануари 2024, 18:56:15 pm »
Незнам зошто да е утка, не сум се заинтересирал за Vw, ама претпоставувам се исти со  ID3 или ID4, само различни големини, 3јка и 4ка се многу чести во Германија...кај нас секако дека е утка, како и се останато.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17295
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19263 на: 23 Јануари 2024, 19:00:50 pm »
Во Македонија само се носат нови модели на целосно електрични возила, а инфраструктурата за полнење останува речиси непроменета :)

Ќе им биде доста интересно на луѓето што изнакупиле а немаат брзи или релативно брзи полначи по дома.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19264 на: 23 Јануари 2024, 19:11:38 pm »
Не е толку лошо на изглед.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3638
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19265 на: 23 Јануари 2024, 19:12:19 pm »
Незнам зошто да е утка, не сум се заинтересирал за Vw, ама претпоставувам се исти со  ID3 или ID4, само различни големини, 3јка и 4ка се многу чести во Германија...кај нас секако дека е утка, како и се останато.

Според мене заради тоа што кој ја тестирал не кажал убав збор за неа во поглед на најбитното кај овие коли, рејнџот и потрошувачката.
Спореден тест исто гледав еден со BYD и Tesla и очигледно е дека каска зад нив, 1 генерација зад BYD и 2 зад Тесла.

388km рејнџ при 110кмх

304км рејнџ при 130кмх

Според податоциве тука, троши 28% повеќе од Тесла Модел 3 и 10% повеќе од BYD (од 22 минута па натаму)

Со оглед на тоа дека е во сегментот на лимузини за патување и цената ќе и биде таква, според мене ова се смешни бројки.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 292
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19267 на: 24 Јануари 2024, 17:48:37 pm »
Golf 32 000 евра со софтверски греќки и што ти знам таму глупости.
Chery FX 31.000 евра, ДонгФенг 580 22.000 евра итн. со опрема од вселенски брод. Да не зборуваме за електричните брендови. Далекуу, далекуу подобри испѓаат кинезите, и затоа овие од ЕУ се бунат и мрчат, зошто истата кола (Голфов еве) со кинески компоненти, сакаат да ти ја продаат дупло наместо истата кола од Кина да ја купиш поефтино со неверојатна опрема. Капиталистот те дупи во здрав мозок, перејќи ти го мозокот со набивање комплекси

Човек треба да биде налудничав да има стереотипи и предрасуди за кинезите. Ма светска сила, да имам пари, одма порачувам Chery FX, ЕУ, Америка, Јапан Мапај Кореја, аут.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19268 на: 24 Јануари 2024, 17:55:12 pm »

До некаде е така. Со Тесла во европа им зададоа огромен удар и тесла е најпредавана кола во ЕУ во 2023. А допрва влегува BYD со конкретно фабрика во ЕУ.

Кај кинезите и донгфенг и слично не знам дали се поцинкувани. Тоа веќе од 2013та го има и Лада Нива, ама видов некаде дека покажуваа масивни корозии. Ама не сум сигурен дали тоа е случај со нашиве варијанти. Инаку T5 evo можеш да си го нарачаш од AliBaba уште поефтино, само напиши го моделов како т5 ево и ќе ти искочи реалната цена на чинење.

Ако се поцинкувани, стварно се добри коли.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 292
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19269 на: 24 Јануари 2024, 18:06:50 pm »

Во денешно време, 2024, не ми се верува дека не се поцинкувани, на сето ова што го нудат, а и од доле имаат добра заштита мислам пластика, крилата и кај тркалата има заштита како од платно и пластика, а мислам даваат и гаранција за корозија. Тој проблем со корозијата беше до 2010 кај сите производители, особено јапонците и корејците имаа проблем. Ама го решија, а кинезите беа аматери тогаш во авто индустријата.

Денеска имав можност да се запознаам и ги видам од блиску кинезиве, Донг Фенг 580, Chery FX, Tiggo 7 Pro & 8 Pro. Човече ова што го видов е за не верување, ова е чудо на кое дошле ниво кинезиве. FX особено за помлад човек, вселенски брод. Масивна конструкција и цврста каросерија, , нема шупливи звуци, внатре интериерот на ниво завршната обработка, комфор огромен иако кинезите се ситни луѓенца. На кое ниво стасаа жутиве, страшно. И замисли, Донг Фенг го добиваш за 22 000 евра,  Chery FX 31.800 беше мсм, Тиго 7 Про 36.000 и Тиго 8 Про за 38.000 така нешто, не пречекоруваа ни 40.000 евра, не се сеќавам точно на цената а добиваш опремиште, металик боја, алу фелни со интереснк комбинации, добиваш страшно нешто за таа пара. Аа деновиве изложени се и во Ист Гејт, појди таму или во салон, ќе останиш со отворена уста, јас немав коментар, освен "вау". Затоа овие од ЕУ се плашат бе маме им нивно мафијашко. Алал им вера и на Чери и на ДонгФенг, а тек биче жустро кога ќе дојди скроз правиот наплив и со електричниве, BYD итн, освен ако не воведат некоја санкција овие забеганиве од запад. Ех, пред 10 години светот отвараше фабрики во Кина, а денеска Кина отвара фабрики во светот, еве и во Маџарска за сефте. Браво, браво, браво.
« Последно менување: 24 Јануари 2024, 18:17:15 pm was »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19270 на: 24 Јануари 2024, 18:15:38 pm »
Секако дека сум ги видел. Има и тест на сајтов.
https://www.carclub.mk/2023/12/21/test-chery-fx-noble-color-ekstroverten-i-hrabar/
https://www.carclub.mk/2023/11/07/test-chery-tiggo-8-pro-nov-i-seriozen-i-golem-natprevaruvac/

Супер се колите. Малку се скапички реално, ама можеби ќе се подоправат со цените. Само ова со поцинкувањето би сакал да го проверам, пред да може да кажам со сигурност.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 292
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19271 на: 24 Јануари 2024, 18:28:52 pm »
Не се скапи кога ќе ги споредиш со конкуренцијата. Голфот тие почетна 32.000 евра, Т-Рок 34.000 евра, итоа со некое солидно ниво. А од другава страна ваму, 580 тие дупло поефтин, FX 31.000 и нешто. Тиго 7 Про и 8 Про се поскапи малце, 36-38.000 евра ама за разлика од конкуренцијата со однос цена, добивка, исплатливи се. 

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6553
  • French diamond
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19272 на: 24 Јануари 2024, 18:32:10 pm »
Пиша еден член дека имал две Чери(кое глупо име) во фирма и рече дека едно е сигурно, а тоа е дека  нема да има и трето, ама не кажа зошто. Кинез за точак не го бива да склопи, а не пак животот да му го довериш. Ќе наоѓаш сигурно со тек на време заборавени и нестегнати штрафови .
Неможи некој што проиведува коли цел живот, да го споредиш со некој кој вчера почнал и да кажиш дека се на исто ниво

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19273 на: 24 Јануари 2024, 18:33:55 pm »
Тоа се старите Чери, од пред 15 години. Сеа се комплет други возила.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3580
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #19274 на: 24 Јануари 2024, 18:39:30 pm »
T-Roc имаше сега пред нова год понуда за возила на лагер со 2.0 дизел и добра опрема за 27к.

Така да верувам дека и Голф реално почнува за доста пониско од 32к.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"