Не е исто кога купуваш производ од производител кој тоа го прави преку 50 години и некој што сега почнал малце поозбилно. Да, купија кинезите технологија од другите, но тоа не значи дека истата ја ставаат во своите возила. Да беше така, цените немаше да им бидат како што им се, иако не се баш ефтини во последно време. Дефекти се случуваат нормално, има и статистики фала богу. За кинезите има ли?
Второ, амортизацијата на возилото, те неговата вредност на пазарот после 4-5 години? И тоа е непознато, како и долготрајноста на возилото.
Според мене, прифатлива опција за мене би било само лизинг на краток период, 2-3 години, али ако е мала разлика со европски, те германски производител, прво тоа ќе ми биде изборот.