Искрено мене многу мерак ми прави новиот Дастер,да би ги имал финансиите и да сум за нова кола земање без размислување би го земал.
Нас овде покрај немаштијата и куромалштината ќе не доотепа. Секаде кај шо сум се изнашетал камп, или по планини, па незнам колку германци , австријци,пољаци имам зачекано со дачии, најповеќе дастери.
Лефкада ги имаше еден куп конвертирани камери од австријци, кој внатер кој со шатор горе, низ Мк имам незнам ни на број колку видено, млади парови , фамилии , старци, си шпартаат со дастери. И лани и годинава зачекав пољаци на Пелистер на големо езеро, си тераа неколку дена одмор горе со шатори над кола, Едните беа моја возраст пар, другите беа пар со млад тинејџер. Сите со истиот муабет се, its cheap and reliable and its fun.
90% од нив заработуваат пари годишно колку овде ние цела фамилија заедно 10 години да работимебез да трошиме, ама не патат од куромалштина.