Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 941043 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17606
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #2595 на: 06 Ноември 2014, 22:18:06 pm »
Па добро, ти си велосипедист што ужива во возењето, не во технологијата. Не бркаш резултати, не се замараш со просечна брзина и слично, гледаш да си уживаш во пределот што го возиш, што е сосема во ред. Но, има многу луѓе што сакаат да уживаат со тоа што рутата ќе ја извозат побрзо, ќе ја извозат технички исправно и секој пат кога ќе ја извозат да го надминат претходниот резултат. Тука игра улога тежината и квалитетот на точакот. Многу побрзо се постигнуваат позитивни резултати со полесен точак. :)

Чекај, чекај. Првово болдирано, не ми се поклопува со второво. Ако сакаш да знаеш дали си го надминал претходниот резултат за да измериш подобрување кај себе, кај своите способности, треба секогаш да мериш со ист велосипед, во исти услови. Кога се тркаш со своето најдобро време, леснотијата на велосипедот не ти е важна, важен ти е само квалитетот.

Леснотијата е важна кога сакаш да си го мериш со други и да имаш добро рангирани времиња на strava.

Никаде не пишав, а не ни мислев, при секој обид да се олеснува точакот. Само реков дека еден ист човек на еден ист точак побрзо ќе забележи позитивни резултати доколку велосипедот е полесен. Голем дел е виновна и Strava-та која те тера да се форсираш повеќе и повеќе. Со лесен точак ќе бидеш во горна половина на ранкинг, со тежок точак ќе бидеш на долна половина. Ајде погоди од која половина полесно се напредува кон врвот :)

П.С. Кажи ми еден велосипед кој е лесен а не е квалитетен. За обратно (квалитетен а тежок) можам и јас да ти кажам :)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2596 на: 06 Ноември 2014, 22:44:48 pm »
Денеска донесов одлука и го земав Polar Avalanche 27,5". Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите членови што ми дадоа предлози и споделија мислења се со цел да ми помогнат да го одберам вистинскиот велосипед за мене.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Велосипед
« Одговори #2597 на: 06 Ноември 2014, 22:58:34 pm »
Ми треба ваков држач за кормилото само да биде подолг. Каде може да најдам или дали некој од вас има што не му треба?


Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16734
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2598 на: 06 Ноември 2014, 23:10:34 pm »
Кое кормило бе капетане, галија да не управуваш?


@Shuriken, со здравје да го возиш!

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2599 на: 06 Ноември 2014, 23:42:58 pm »
Ми треба ваков држач за кормилото само да биде подолг. Каде може да најдам или дали некој од вас има што не му треба?
Тој дел се вика стем. Можеш да побараш во Bike Market, Pro Bike, Bike Stop или било која друга продавница што врши продажба на велосипеди и делови.

@Shuriken, со здравје да го возиш!
Ти благодарам.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5299
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #2600 на: 06 Ноември 2014, 23:54:18 pm »
Денеска донесов одлука и го земав Polar Avalanche 27,5". Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите членови што ми дадоа предлози и споделија мислења се со цел да ми помогнат да го одберам вистинскиот велосипед за мене.

Со среќа, и со кеиф да се вози!   :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17606
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #2601 на: 07 Ноември 2014, 00:27:15 am »
На здравје, јас сеуште стојам на мислењето дека тоа беше правилниот избор. :)
Пушти некое сличе да видиме како изглеа од твоја перспектива.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Велосипед
« Одговори #2602 на: 07 Ноември 2014, 00:37:29 am »
Со здравје да се вози.. Добар избор.. Дај некоја слика да го видиме..

Еве една од моево точаче, ептен ми е фаца..  8)


Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2603 на: 07 Ноември 2014, 00:50:17 am »
Со среќа, и со кеиф да се вози!   :)
На здравје, јас сеуште стојам на мислењето дека тоа беше правилниот избор. :)
Пушти некое сличе да видиме како изглеа од твоја перспектива.
Со здравје да се вози.. Добар избор.. Дај некоја слика да го видиме..
Ви благодарам.
Утре ќе направам неколку слики пред да отидам на првото тест возење.

Еве една од моево точаче, ептен ми е фаца..  8)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Прекрасен велосипед. И мојот е со слична комбинација на бои, единствено што зелената е помалку застапена.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Велосипед
« Одговори #2604 на: 07 Ноември 2014, 01:00:52 am »
Прекрасен.. Веќе 3 обиди има за кражба.. Вториот успеа.. Пази кај го чуваш оти мене за 30минути ми го дигнаа, влегов дома да јадам, се враќам го нема од пред врата, јес да беше ноќе али сепак..  :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1925
Одг: Велосипед
« Одговори #2605 на: 07 Ноември 2014, 01:05:30 am »


Ова е за мотор.

Јас имам едно вакво големо и тешко и едно помало и потенко. И да, со двете го заклучувам. И седиштето. :D

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Велосипед
« Одговори #2606 на: 07 Ноември 2014, 01:09:24 am »
Абе луѓево гледаат 100грама да намалат на точакот а јас катанец од 1кг ќе редам..

Сега, дома си го чувам, а низ град никогаш не сум го оставил така..

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1925
Одг: Велосипед
« Одговори #2607 на: 07 Ноември 2014, 01:26:54 am »
Па види тебе еднаш ти го украдоа. Имаш среќа што крадците биле глупи.

Мене веќе ми украдоа еден точак од 400+ евра. Несакам и овој да ми го украдат. И не се 1кг туку повеќе. :D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Велосипед
« Одговори #2608 на: 07 Ноември 2014, 02:26:12 am »
+- пак на 15kg ;D

@Shuriken

Само јаки цури да ти се лепат за бициклот

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6544
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #2609 на: 07 Ноември 2014, 07:57:25 am »
Дури и Avid BB5 и BB7 не се толку добри кочници колку што ги прават. Во главно механичка диск кочница е тешко да се наштелува да не гребе роторот, што кај Авид е малку понагласено од моите истражувања по интернет.

Јас имам Avid BB5, може секој да проба колку се ефикасни. Се штелуваат лесно, ако знаеш како.

Исто имам BB5, а пошто едната плочка е статичка а другата е таа што турка на дискот, колку поблиску до дискот толку повеќе кочи.
За парите е ОК кочница, во 10к км, скинав само предна сајла, ама тој повратниот федер во телото, 2 пати на предната и еднаш на задната ми се скина,
замор на металот, а лошото е што нема кај да најдиш ист таков и морам да мануфактурирам од V-Brake, не знајте маки. Исто, телото не му е толку круто.
BB7 се сигурно подобри, покруто тело, поголеми плочки, а за штеловање 2мин ми требаат за како било да ги наштеловам.

А сега што зедов едни пакни од Бајкстоп X-on за 350ден. стопираат добро, ама каков звук вади таа што греби на моменти да не ви кажувам.
Авид оригиналните можи брзо се трошат, ама тивки барем беа, е сега 1000ден шо се...

Еве го мојот убавец, Advantage 2.1" има само гуми сега, иначе од 2010 е ист, 2008-ма земен од кај Лазе, Пробајк.