Единствено што можам да препорачам е Polar или Drag. Значи рамката кај првите се прави во Србија, кај вторите во Бугарија. Тука запира приказната со Балкан, затоа што сите делови се Shimano од сериско производство што значи има некој квалитет тука. Е сега, деловите се прилично ниско-класни и добиваш колку што си платил.
Наш член зема Polar, го возев точакот и е сосема добар, од него немам слушано поплаки така да си стојам на тоа дека Polar се океј точаци за низ град, лесно off-road возење и нормално за Водно во Скопје.
Застапници за Polar се Bike Market кои можеш да ги најдеш тука >
https://www.facebook.com/pages/BIKE-MARKET/243622702378356Иди си таму, кажи си што ти треба, ќе ти понудат што имаат и тоа е тоа. Drag има во Ciklo AS во Порта Влае, исто сосема солидни велосипеди. За некои си 20.000 се наоѓа точак со механички дискови.
За таа сума е секогаш подобро да се оди на половно. Како пример
можам да го предложам ова. Средно-висока класа на делови, Rock Shox амортизер и простор да му симнеш цена за тоа ужасното седло.