Се согласувам со Фиц. Во проблемот со сообаќајот сите видови на сообраќај се тесно поврзани во една целина.
Но најголем проблем во сообраќајот е следниот факт: Скопје има премногу индивидуални автомобили за оваа сообраќајна инфраструктура.
Решение за гужвите од индивидуални автомобили?
- Повеќе возење со јавен градски сообраќај.
Но јавниот градски сообраќај лошо функционира, автобусите каснат (дел заради лоша организација и лоша дисциплина, но дел и заради преголемите гужви од индивидуални автомобили), автобусите не ги има доволно (внатре се невидени гужви), автобусите се нередовни, итн...
И што прават луѓето кога јавниот градски сообраќај лошо функционира?
-Се возат со индивидуални автомобили и прават гужви и колапс на сообраќајот.
Ајде одново, друго решение за гужвите во сообраќајот?
- Повеќе возење на велосипеди.
Знам многумина што со задоволство почесто би возеле точак (тука спаѓам и јас), и би оделе на работа и секаде низ град со велосипед. Но не го прават тоа пошто секојдневно возење точак низ Скопје е небезбедно (благо речено).
Зошто е возење точак низ Скопје небезбедно?
-Заради гужвите во сообраќајот. (и заради паркирањето на автомобили на велоспедски и пешачки патеки)
Како што гледаш @zeroSignal кругот е мал и во него сме сите.
И шоферите, и пешаците/корисниците на јавен превоз, и велосипедистите, сите сме во исти гомна. Јас како и Фиц сум во сите три улоги (иако низ град најчесто сум шофер), и јасно ми е дека за да се среди сообраќајот во Скопје мора да се среди јавниот превоз, но исто толку важно, и да се овозможи безбедно возење на точак.
Ако тоа значи целосна забрана на парикирање на автомобили на улиците на Скопје, so be it.
@DarthJe5us мене како шофер не ми значи ништо ако една лента од 3-лентните булевари (како Партизанска) стане велосипедска лента, се додека сообраќајот се одвива нормално.
Наспроти тоа гужва во сите три ленти ме нервира многу.
Затоа мислам треба да бидеме помалку склони кон предрасуди кон велосипедистите во сообраќајот. Возењето велосипеди е едниственото решение за гужвите во сообраќајот (и загадувањето) кое може релативно лесно да се примени во наши услови.
Секако е дел од решението за проблемите.
(едит: спојување на постови и корекција на граматика)