Да кажам мое мислење што е за добар single speed или fixie.
Идејата тргнува од минимализам, односно све што е вишок да се тргне, и да остане само најосновното.
Истово ова значи дека тоа што останува треба да биде што е можно полесно, и што е можно поквалитетно.
Идеално за фикси или сингл спеед би било:
- Добар челичен рам (супер би било да се најде некој стар добар Road и да се конвертира во Фикси. Добри кандидати за ова би биле Pinarello, Colnago и сличните ...)
Добар челичен рам е лесен, добро впива и е доволно цврст кај што треба. Штета што е ваков рам скап за изработка, затоа и предлагам да се искористи некој половен добар роад.
- Лесни тркала (што значат лесни тркала за точак нема да објаснувам)
- Добри останати компоненти (пред се лесни)
За возење во fixiе мод треба прво да се извежба моментот што задното тркало ти е врзано за педалите и што постојано треба да вртиш, нешто што може да биде опасно ако ја немаш совладано техниката на такво возење.
Fixie точациве што ги наведовте (PureFix) мене ми се обратнo од целиот концепт. Односно го имаат изгледот и ништо друго.. Ужасно тежок рам, лоши тркала, и се конципирани да ги купи некој што демек вози фиксие од некаква урбана мода, ама и не го доживува концептот на правиот начин.Истово важи и за некои други fixie што се продаваат низ градов, кај што нема ништо од правиот концепт освен изгледот.
Дефинитивно попрво би купил добар половен роад, па би ги конвертирал од колку ултра тежок WannaBe fixie..
Единствен прав single speed fixie на кој што јас се сеќавам и што се продаваше во скопје беше еден Bianchi, кој што иако беше со алуминиумски рам, може да се каже дека ги остваруваше условите за прав fixie.