И за првиот е малку проблем стемот, бидејќи не е оверсајз стандард за Handlebar от, па треба пак да се нарачува за да се експериментира (не пасува димензијата на стандардните стемови во поглед на ширината на гиданот. Пробав да најдам различна димензија на стемови кај нас за да може да пробам, и не успеав. Односно најдов само 110мм (како и тој што си беше со точакот), па се сведува на исто дали ваков или таков во поглед на стемот).
Кај вториот, нема потреба од адапатери.. Само се нарачува quiled стем со друга димензија и тоа е тоа.. Би било скврнавење да се става адаптер...
Инаку првиот вчера го возев цел ден, и пројдов доста Км низ град, и може да се каже дека научив да возам fixed gear. Прави ќеиф и е баш забавно возењето. Тоа што ме зачуди е што многу добро забрзува, а во исто време не го осетив да е крут и неудобен како што знае да биде алуминиум. И добив воспаление на мускули што обично не го добивам

Кај вториот, би требало челикот да вози уште поудобно, само постои шанса да се витка на спринтање.. Штета што мораме на слепо да нарачуваме без да може да пробаме

Инаку вчера прво го возев со BullHorn, и изгледа дека ми е малку голем, па немав баш баш контрола. Тоа сконтав дури кога преминав на неговиот обичен Handlebar па далеку поголема контрола. И изгледа дека 55цм ми е голем (не можам да пробам 53цм за да сигурно знам, а и не успеав да најдам пократок стем да пробав така

па морам на слепо)
Како и да е, праи ќеиф..
p.s. Муабетот дека ќе стигнеш некаде а да не си жива вода мене не ми успеа

, пошто те тера да го газиш и да се тркаш со автобуси
