Епа нормално, сега си го собираат кајмакот.
Воопшто целата работа со точациве е премногу „изхајпана„, индустријата наплаќа дебел премиум и профит... Цената на материјалите (па ете и развојот) и процесот на изработка, е многу десетици пати помала од крајната цена на велосипедите.
Башка некои работи, на пример потрошните компоненти како гумите, намерно ги чуваат со назадна технологија (иако во автомибилската индустрија
унапредувањатa со гумите ги има уште пред повеќе децении).
Никако не ми е јасно како толку време Кинезиве не почињаат со масовна продукција на
квалитетни копии на точаци. Пазарот е голем, а профитот огромен.
Тие бајковите што ги наброја... само по огласи да се начека нешто сочувано. Ги има од време на време, само брзо ги зимаат и мора одма да се реагира!
