За тие пари скоро нова 156ка се купува. Не гледам поента во карбон МТБ. Еве Крел може да сподели искуства од прва рака зашто он има карбон а негов другар алуминиум и мислам дека го има возено и тој. 
Да, сега возам Карбон Full Suspension EPIC , а порано возев Алуминиум Stumpjumper Specialized исто.
На другар ми е алуминиум (Garry Fisher ама ептен highend направен).
Не можам да кажам дали има и колку има разлика алуминиум vs карбон, бидејќи станува збор за различен тип на точаци. Epic от има доста агресивна XC геометрија (добар е за качување), и многу е тврд и покрај што е Full Suspension , бидејќи е такмичарски модел. Прави да е неверојатно прецизен, и имаш чувство ко да не делува физика во поглед на брзи ситуации (брзи во поглед на вртења и слично), и многу добро забрзува. Односно правен е за качување. Има релативно мал од на амортизерите (100мм) и доста тврдо работат (многу подсеќа на возење обичен Hardtail со тоа што сепак апсорбира кај што треба). Не можам да проценам дали е тоа ради геометријата/моделот или и карбонот има свој удел, ама точаков е неверојатно цврст и не осеќам никакви виткања и е баш пипни трепни. Ко спортско ауто.
Стариот Specialized беше некако понервозен и потром и повеќе се виткаше (иако беше и полесен него Epic ов). Тоа не е сигурно дека е алуминум , туку самиот дизајн беше таков.
На другар ми Алуминиумскиот Garry Fisheр е исто многу цврст точак ама е повеќе ориентиран како Trial и има друга геометрија од Епик -от. Односно е повеќе All Around точак, многу добар за качување, ама добар и за спуст (има од на амортизерите 140mm и си прави тоа свое). Има повисоко тежиште од Epic от (EPIC от има многу ниско тежиште за да биде што по рацинг), и друго чувство на возење. На спуст со Garry во можеш да пуштиш каде сакаш, амортизерите ќе си го обработат своето, и геометријата е таква да пушташ све живо. Кај EPIC -от на брз спуст каде што е релативно рамно сум многу брз (побрз сум од другар ми). Ама кога ќе дојде спуштање со големи камења, корења, карпи и слично, јас морам многу повнимателно и да бирам патеки каде ќе го пуштам, а другар ми таму е многу побрз од мене.
Ама тука споредуваме различни дизајни на точаци, не и материјали.
Генерално од мое искуство, предност на Карбон во однос на Алуминиум е што го моделираш каде сакаш да е еластичен, каде крут. Меѓутоа многу зависи од тоа како е дизајнирана плеткат на Карбонот, не е само стави Карбон и толку. Кај HardTail МТБ Карбон има поента бидејќи може да се направи да е многу крут а во исто време да апсорбира кога треба. Од сите материјали генерално Алуминиум мене најмалку се свиѓа бидејќи е крут, ама и harsh (секое камче го осеќаш, и тоа може баш да те замори). Порано се такмичев со Алуминиумски HardTail и на трки после пар кругови кога ќе бидеш уморен од брдо, на спуст крутоста ме замараше и и правеше да треба повеќе концентрација него челик или full suspension а верувам и со Карбон. 29" тркала тука помагаат, ама па имаат еден куп други маани.
Во кратки црти:
Челик - Предности: Еластичен, прекрасно возење, неуништив.
Маани: Може да биде тежок ако не е баш мајсторски направен, може да е мек и се витка на спринтање ако не е добро направен.
Титаниум: Прекрасно возење (апсорбира нерамними), а во исто време може да биде крут. Неуиништив, феноменално изгледа, вечен дизајн, доста лесен (на ниво на алуминиум, можеби малку потежок).
Маани: СКАП.
Алуминум: Крут, лесен, добар за качување и кога не треба да има виткање. Ако се истенчи каде треба може и до некаде да добро апсорбира.
Маани: Може да биде крут и секоја нерамнина и камче да ја осеќаш, ако пукне тешко се средува
Карбон: Предност е што може да се измоделира да биде крут кај што треба (и тоа баш круто, најкруто од сите материјали), и еластичен исто кај што треба. Добро изгледа, лесен.
Маана: Скап ако е добро направен, може да пукне од удар најлесно од сите материјали.
Еве малку CarbonBikePorn:



