Моментално возам Шкода Рапид 1.6ТДИ рентакар во Германија.
Поминати 800 километри, возено по знаци освен на Аутобан каде што нема ограничување. Таму возам колку иде. До крај.
Потрошувачка по борд 5.1.
Ужасно бучен и тромав мотор. Турбото рано повлекува, има торк до 3000 вртежи после тоа моторот е просечен.
Над 120 веќе рика мотоот, над 160км/х не е пријатно во кабина.
Споредено со 1.0екобуст во Фокус, 1.0 тси во голф 7, 1.2 тси во Октавија, овој мотор 1.6 тди е далеку зад нив.
Никакво задоволство при возење.
Рапидот како возило е кола на метро, фабија на стероиди. Лим и пластика.
Следно за возење ми е 1.5 тси па ќе пишам впечатоци.

