Нема никаква летаргија, со време се повеќе се заљубуваш во дизелот. За да има летаргија треба нешто да не е погодено и да ти одбивно. Јас плаќам 2000 евра повеќе за дизел, затоа што косилицата ми е одвратна. Со дизелашот имам комплетен пакет на издржлив, траен, моќен, економичен, со долги сервисни интервали.
Еве 3 и кусур години поминаа, никако да се заљубам во Фиеста дизел, нова од салон купена без сите "дизел нуспојави" кои се јавуваат кај стар дизел.
Толку не успеав да се заљубам што кога гледав кола за мене, пак завршив со косилица. Ксара HDI 140.000, растресена од вибрациите на моторот наспроти Ксара 1.4i со 125.000 што можеш да се побуниш дека не е ни запалена, јасен беше изборот.
Дизел само нов, додека не се растропала цела кола од вибрации. После некој друг нека му ја мисли кои држачи се за менување. Бензинчето мирно си е.