Автор Тема: Измерена потрошувачка на гориво  (Прочитано 2215347 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8745 на: 28 Август 2014, 09:32:26 am »
Турбодизел бенвенцето што си го имаш треба да го возиш меѓу 1200 и 2000 вртежи. Над 2000 нема потреба. Чим ги стигнеш одма шалтај.

Рецепт за проблеми. Ако више сакаш да си го сјебе моторот, биди директен и кажи му да сипе шеќер во резервоар.

Naughtius Maximus = Falangasaurus

Иначе на турбодизелот најголемиот вртежен момент му е на располагање уште при 1750 вртежи или нешто помалку. Нема потреба да го држиш на висок број на вртежи. Ќе си пукам у нога, си купил турбодизел и не знаеш како да го возиш? Какви 9 и кусур лебати, не смее да ти крене над 7 тој низ град ебаго.

Значи, лекција број еден: ресетирај борд компјутер и почни да шалташ на 2000 вртежи, максимум 2200!! После ела кажи колку ти поарчил.

Убиство на било кој модерен турбодизел.

Немој вакви работи. Во ситуацијава даваш страшно погрешни совети. Зајакот, магарето, ушите.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8746 на: 28 Август 2014, 09:43:48 am »
Се надевам дека не си сериозен. Далеку од убиство и далеку од сипање шеќер. Турбодизел се вози баш така и во тој режим кога се вози низ град без оптеретување и нагли стартови. Така возам јас и така возиш ти. Така вози и турбодизел со аутоматик мењач па пак не умира моторот како што кажуваш.

Не разбирам што е погрешниот совет тука, затоа што не е.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8747 на: 28 Август 2014, 09:54:18 am »
Така возиш ти затоа што мислиш дека така треба. И така возиш ти кола што не е твоја и не ја возиш редовно. Еднаш неделно не се важи.

Јас не возам така.

Такво возење е смрт за скоро било која кола, особено за турбаш. Не постигнува турбината доволно притисок, не излегува гарежот и ѓубрето кои се собираат во неа. Да не правиме муабет за модерни варијабилни турбини каде што потребно е редовно раздвижување на турбината за варијабилните перки да работат како што треба.

Да, дизелите постигнуваат максимален вртежен момент од ~1750 вртежи, ама тоа не значи дека треба да шалташ на 2000. Модерен турбодизел може (и треба) да се шалта на повисоки вртежи.

Всушност, ги читаше постовите со заштедување гориво со помош на брзо забрзување?

Едит: Додадена реченица за VNT, поправени печатни грешки.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8748 на: 28 Август 2014, 10:07:43 am »
За возење рамномерно и држење константна брзина, воопшто не е битно колку луѓе и торби има во колата. За забрзување и претицање, си праи разлика.
И по угорници ако движат со иста брзина нема да е битна тежината? Може, мада мене ми е малку чудно.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8749 на: 28 Август 2014, 10:16:54 am »
Ако се движиш по угорница со рамномерна брзина, во физиката е еквивалентно како да забрзуваш на рамно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8750 на: 28 Август 2014, 12:39:29 pm »
i na povisoki obrtai (2700) bez zabrzuvanje trosite skoro isto kolku bi potrosile na istata brzina so povisok stepen na prenos i poniski obrtai (1500) ... samo dokolku vozite7kruzate na 1000-1200 obrtai se namalue potrosuvackata...
Ke go usnimam denojve ...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8751 на: 28 Август 2014, 12:44:37 pm »
Чичко Рудолф Кристијан Карл вели:



За крузање треба да е стрелката на 1800rpm. За забрзување додека стигнеш да крузаш до 3500rpm.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8752 на: 28 Август 2014, 14:09:38 pm »
Така возиш ти затоа што мислиш дека така треба. И така возиш ти кола што не е твоја и не ја возиш редовно. Еднаш неделно не се важи.

Јас не возам така.

Такво возење е смрт за скоро било која кола, особено за турбаш. Не постигнува турбината доволно притисок, не излегува гарежот и ѓубрето кои се собираат во неа. Да не правиме муабет за модерни варијабилни турбини каде што потребно е редовно раздвижување на турбината за варијабилните перки да работат како што треба.

Да, дизелите постигнуваат максимален вртежен момент од ~1750 вртежи, ама тоа не значи дека треба да шалташ на 2000. Модерен турбодизел може (и треба) да се шалта на повисоки вртежи.

Зошто раскажување прикаски за мали деца?
Имаме конкретен слулај и пример. Човекот живее во Велес а секојдневно вози до Скопје. Какви гарежи, какви издувувања какве пичке материне.
За низ град каде нема оптеретувања на моторот и нема развивање на големи брзини сосем доволно е да се шалта на 2000-2200 вртежи и да се круза на 1300-1800. За издувување на турбината ете му во Велешко брдо, ете му автопат каде може и 150 да вози. Секако дека нема низ велес и скопје да штеди гориво со педалата за гас до патос. Еве пошто неговиот мотор е 1600 кубика и е релативно малолитражен може да бара некоја стотка вртежи над 2200 да речеме 2500. Над тоа абсолутно нема потреба за возење низ град во неговиот конкретен случај (па и пошироко).

Погледни аутоматикот како му шалта на 2200 вртежи. Глупи се BMW што го штелуваат така компјутерот на мењачот? Сакаат да си го усмртат сопствениот мотор? Ти се молам...

Друг пример, на 1.5 dci, на 2000 вртежи ми светнува зелена сијаличка за шалтување брзина нагоре.

Уште еден пример како треба / се вози истото возило со мануален мењач


Еве Голф како твојот со DSG како шалта на 1800-2200 вертежи а круза на 1400.

« Последно менување: 28 Август 2014, 14:29:29 pm Naughtius Maximus »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8753 на: 28 Август 2014, 16:32:57 pm »
Охрид (Окта) - Албанија - Охрид - Скопје - 2 дена низ Скопје, фул постава, натоварени, клима нон-стоп, гуми на 2,5
(без куфер на кров)

Возено по пропис +10, 15%, на моменти повеќе за што е платена соодветна глоба во облик на мито од 500 денара  ;D


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8754 на: 28 Август 2014, 19:49:18 pm »
Вака сега... Утрово натанкирано до врв лукоил велес, од тука умерено до катланово, дури и пензионерски, од катланово по обиколница до ѓорче, во близина на св.лазар болницата, со околу 110-115км/ч без клима, немаше потреба, околу 5,5л.
Од св лазар отидов до центар, нешто ситно низ ск и пак до св.лазар со клима, од тука до н.лисиче, и правец велес.
Возење низ ск нормално, како и останатите, околу 50-70км/ч, од ск за велес околу 120км/ч просек, со со тоа што имаше моменти кога возев и 150, исто со клима.
Назад на лук оил танкирање до врв или 590денари. значи изминати 155км потрошени 550ден, околу 9л со што сум презадоволен.
Можев да приметам дека колата се мачи да оди 90-100 во 6та брзина и дека во 5ти стрепен на пренос троши дури и по малку, а моторот поубаво работи. Останувам на мојот режим на вожња т.е. возење на повисоки обртаи, подобро нека гори некој дцл плус, ќе немам проблеми со дпф-от, моторот ќе има оптимално подмачкување и ќе ја имам достапна колата во секој момент.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8755 на: 28 Август 2014, 20:11:50 pm »
39L - 585.4km

Мерено исклучиво при градско возење низ Скопје, со два излети на обиколница и првото танкирање на Желино кон Скопје.
6,66L/100km градска споредено со 5,60L/100km комбинирана е одлична потрошувачка.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8756 на: 28 Август 2014, 20:22:33 pm »
Мерите на подолги временски периоди? Да речеме во текот на 6 месеци колку ви троши просек? Кај мене на алфата е околу 13 плин, кај стилото е околу 7,5 бензин.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6434
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8757 на: 28 Август 2014, 21:23:47 pm »
Opel Astra Classic II 1.4 Ecotec Twinport 90 КС.

Наточено за 1000 по цена од 80 денари (12.5 литри), потоа наточено за 1500 по 78.5 (19.1 литри), што е вкупно 31.6 литри.

Извозено вкупно 530 километри пред наредно точење. Просек од нешто под 6 литри (5.9), возено строго на отворено, со пуштена клима речиси цело време, и по знаци, строго. Максимална брзина не префрли 100 km/h.

Гумите - 2.2 напред, 1.9 назад, двајца во кола, со малку багаж.

Сакав да проверам чисто колку е разликата во возење со и без клима. Негде околу пола литро на 100 километри, по мои пресметки.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8758 на: 28 Август 2014, 21:38:22 pm »
Мерите на подолги временски периоди? Да речеме во текот на 6 месеци колку ви троши просек? Кај мене на алфата е околу 13 плин, кај стилото е околу 7,5 бензин.

Комбинираната мерка ми е просек од сите мерења досега.
Градската потрошувачка првпат ја мерев по пропис, оти претходно не бев возел исклучиво само градска за да би можел да измерам.

Инаку, отприлика, од полнење до полнење просекот е приближно тој, овие мерења ми се мерења по пропис - од капаче до капаче.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Измерена потрошувачка на гориво
« Одговори #8759 на: 29 Август 2014, 10:16:34 am »
Мерите на подолги временски периоди? Да речеме во текот на 6 месеци колку ви троши просек? Кај мене на алфата е околу 13 плин, кај стилото е околу 7,5 бензин.

Комбинираната мерка ми е просек од сите мерења досега.
Градската потрошувачка првпат ја мерев по пропис, оти претходно не бев возел исклучиво само градска за да би можел да измерам.

Инаку, отприлика, од полнење до полнење просекот е приближно тој, овие мерења ми се мерења по пропис - од капаче до капаче.

Мене просекот ми е следен:

Honda CR-V  - 10.49 l/100 (Просеков е за Поминати 29500 км )

Citroen C3 Mk2 - 5.7 /100 (Просеков е за Поминати 10000 км )