Вака сега... Утрово натанкирано до врв лукоил велес, од тука умерено до катланово, дури и пензионерски, од катланово по обиколница до ѓорче, во близина на св.лазар болницата, со околу 110-115км/ч без клима, немаше потреба, околу 5,5л.
Од св лазар отидов до центар, нешто ситно низ ск и пак до св.лазар со клима, од тука до н.лисиче, и правец велес.
Возење низ ск нормално, како и останатите, околу 50-70км/ч, од ск за велес околу 120км/ч просек, со со тоа што имаше моменти кога возев и 150, исто со клима.
Назад на лук оил танкирање до врв или 590денари. значи изминати 155км потрошени 550ден, околу 9л со што сум презадоволен.
Можев да приметам дека колата се мачи да оди 90-100 во 6та брзина и дека во 5ти стрепен на пренос троши дури и по малку, а моторот поубаво работи. Останувам на мојот режим на вожња т.е. возење на повисоки обртаи, подобро нека гори некој дцл плус, ќе немам проблеми со дпф-от, моторот ќе има оптимално подмачкување и ќе ја имам достапна колата во секој момент.