Морам да признаам дека ова ми е најинтересна потрошувачка која ја следам бидејќи кај мене е ист тип на возило не хибрид и се обидувам да извадам заклучок дали хибридот е навистина поекономичен.
Математиката вели дека разликата во гориво на 100к километри би била некаде околу 3000 евра. Со оглед на поскапата цена за купување и цена за смена на батеријата која сигурно ќе мора да се менува доста дискутабилно е дали заштедуваш со хибрид.
мене ми е интересна затоа што е шифоњер, а троши исто или помалку со да речеме 4-ката која ја имав претходно
тоа со математика што би било кога би било има премногу варијабли каде математиката ќе излезе односно нема да излезе, тука ќе биде батерија, кај друг ќе биде турбенце или двојна спојка на менувач или пукнато цревце што повлекува шлепови од странство итн.

познавам најмалку двајца со Тусон/Спортаж кои се незадоволни од потрошувачката, или се измотаваат или имаат сосема различен тип на возење
Тојотава низ град троши измеѓу 2,5 и 4,5 што не мислам дека е случај со било кое друго нехибрид, па и дизел возило особено не во волкав габарит