Некои немаат потреба од таков „вид“ на автономија. Ти можеби имаш. И онака ја ставаш колата во двор, еднаш на 3-4 дена е проблем да се вклучи во струја?
Секако дека не, барем за мене. Јас немам толкава потреба на пример. Едната кола душа си дала да се смени со електрична.
А од друга страна полнењето нема да трае толку:
http://insideevs.com/tesla-cranks-superchargers-up-past-120-kw/Веќе се полни со 120kwh теслата, и одат нагоре постојано. И бројката 150KWh која беше мислена именка пред 10 години и се шпекулираше дека ќе биде постигната 2050та, сега веќе ни чука на врата. Батериите тешко и споро се полнат над 50%. Од 0-50% може да се наполнат инстантно со денешниве технологии.
А понатаму:
Значи за над 90% од времето ќе си полниш дома без проблем преку ноќ, а за тие 10% надвор од град ќе се работи со суперчарџер кој ќе полни 200км за 10 минути. Понатаму и повеќе.
Само Тесла беше скапа, и иако наменета за просечниот купувач беше скапа. И сеуште е. Ама новиот модел за прв пат ќе нуди многу убава и нормална кола на струја со убав рејнџ и дизајн за релативно прифатлива цена за нормалниот купувач. Веќе навлегува во сегментот на нормални возила. До сега не беше така.