Друго ми беше поентата. Во кина мора да продадеш милиони ефтини парчиња за да направиш некој солиден профит. На здравите пазари, ти требаат неколку илјади парчиња за да го постигнеш профитот. Големината на кинескиот пазар не значи и инстант заработка. А уште помалку јак квалитет, со оглед на менталитетот и нивото на прикажаниот квалитет досега.
Имам разговарано со релевантни луѓе, кои ми имаат кажувано колку многу вложуваат за да го задржат високото ниво на квалитет, ако производот им е произведуван во Кина. Сепак, конкуренцијата е немилосрдна, па се приморнани дел од производството да го префрлат во Кина, иако тоа не им се допаѓа баш многу/многу како стратегија.