Зависи како гледаш на тоа. Во Македонија, каде што се сведува на имање едно возило во фамилијата (заради куповната моќ, односно недостаток на истата), да, нелогично е електрично возило да чини колку добро опремен фамилијарен хечбек.
Во Германија Nissan Leaf кошта 23.000 евра (еве, баш сега гледам). Ако на Ханс му требаат 6 месеца да заработи за Leaf (наместо 10 години, колку што му требаат на Димче), нема зошто да не го вози низ град.
Еве, гледам дека e-up! кошта 26.000 евра. Да го оставиме на страна фактот дека некој во Volkswagen очигледно пие од погрешна чешма, 26.000 евра се за Германец прифатлива варијанта, особено ако може да го земе на кредит или лизинг за 100-150 евра месечно.