Тесла не се откажува од патентите, но дава чесен пионерски збор дека нема да тужи ако некој друг ги користи во „добронамерни цели“, зашто развојот на тој пазар е во нивен интерес.
Е сега пишува дека ќе ги користеле само во одбранбени цели. Што им значи тоа не знам. Обично во одбрамбени цели патентите се користат кога некој те тужи дека користиш негови патенти и ти враќаш со контра-тужба за да се одбраниш и да дојдете до договор. Дали ова значи дека Тесла сака да ги врзе компаниите да користат нејзини патенти за потоа да може да ги користи нивните без страв од реперкусии? Што ако еден ден компанијата се продаде на друг газда кој не планира да го одржи ова ветување?
Ако се толку фини и ги даваат патентите, нека се откажат официјално од нив. Вака ми изгледа како само една од нивните кампањи во кои сакаат да покажат колку се добри и поинакви од другите.