Поентата на тој пренос е да имаш безжичен пренос ДО КУЌАТА (рецимо) ама во рамките на куќата ќе ти треба приемник кој потоа ќе ја трансформира струјата во онаква каква ќе може да ја користат останатите уреди.
Ова за „антенчето“ не е мало антенче туку цел систем за прием, системот е одличен за денешните електрични возила доколку последните 100 години се развивале во таа насока...
Сепак тоа е нешто кое би променило дрстични работи на Земјава, и неможе да се каже да беше или да не беше.
Што ќе беше ако надвладееше Едисоновиот (дебилен) систем на пренос на електрична енергија? Ќе имаше централизирани населби, ќе имаше градови само околу електраните, се ќе беше 100 пати поскапо од сега...
Што ќе беше ако не се откриеше врската помеѓу електричното и магнетното поле? Ќе гледавме првенство во темница? Не, туку ќе спиевме после 8 саат за да не ги трошиме свеќите и ќе се испозапалевме живи од гасоводите и гасните ламби...
Што ќе беше ако не се случеше капитализам и превласт на циркузот со пари, туку се раководеше се од страна на умни глави кој работат за доброто на светот, а не за доброто на патетичниот себеси? Ќе биде и тоа, а се вика Venus Project.
Да успееше преносот на тоа поле, ќе беше многу различно се околу тебе. И многу подобро. И пред се многу поевтино... Ако воопшто постоеја пари.