Opel Ampera е носител на неколку светски награди, а од пред неколку дена се закити со уште едно вредно признание.

Електричниот автомобил со продолжен опсег доби гласови од 13.000 читатели на Auto Bild и Auto Test и така ја освои наградата за „најдобар концепт во целина“ како и „евергрин“ на електричната мобилност. На IAA во Франкфурт иницијаторите на eCar Award, главниот уредник на Auto Bild, Бернд Виланд и Oлаф Шилинг на Auto Test му честитаа на посебна свеченост за овој успех на извршниот директор на Opel, Карл - Томас Нојман и му ја предадоа наградата.

Концептот за погон на нашата Ampera беше убедлив од самиот почеток, изјави Нојман на церемонијата на доделувањето на наградата. -Фактот дека Ampera веќе се смета за „евергрин“ и тоа дека читателите ја избрале за најдобар сеопфатен концепт ни покажува дека комбинацијата помеѓу електричен погон и мотор за поголем опсег, се прифаќа многу добро во реалниот свет.

Како важен поттик за понатамошното ширење на електричната мобилност Opel штотуку ги намали цените на Ampera на пазарите во Европа. Со тоа автомобилскиот производител се надева дека новите возила ќе бидат подостапни за поширок круг клиенти.
LosiPatista