Најреална причина е онаа дека батериите се безвредни после 5 години употреба. А со тоа и самата кола. Тоа е првата и последната причина за лошата продажба на хибридите.
Батериите не мора да бидат интегрален дел од колата!
Кога ќе ти се потроши акумулаторот не ја менуваш целата кола.
Се кладам у 5 денари дека кога ќе почнат сите масовно на цело село да возат електрични коли (а тоа ќе биде кај-и-да-е) на „бензинска“ ќе се вади празната батерија (т.е. батериски блок) и ќе се става полна и си шибаш, а празната што ти ја извадиле ќе иде на целодневно-целовечерно полнење и утре ќе биде спремна да се најде во друга кола.
Ќе има неколку „сорти“ батерии со стандардизирани димензии. За скутери, мотори, мали коли, големи коли, мали камиончиња и големи камиони/автобуси. Ако сакаш да се цепаш и да возиш брзо - почесто ќе мењаш батерија на бензинска. Ако возиш по полека - повеќе ќе ти трае и поретко ќе мењаш.
Ја така тоа го замишљам некако.
А батериите како батерии ќе стануваат се по мали, по лесни и со поголем капацитет. Не, се согласувам дека се уште не се доволно мали и моќни, но трендот е јасен. Денешна батерија од мочан мобилен телефон пред 15-20 години била тежок, хардкор сајнс фикшн.
пред да кажете дека масони, нафташи или вештерки се причина за нешто пробајте да најдете малку пореални причини.
Дај си рука за ова! Ако некогаш те сретнам, само за оваа изјава имаш парче пица + пиво/сок од мене.