Имаме тема за електрични автомобили?
Мрежа на полначи, како функционираат и слично?
Имам Тесла за викендов, а благе везе неам како се тоа функционира...
Sent from my Xiaomi 13T
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,46.0.html
Дрш тема, ама ако нешто конкретно те интересира прашај. Рапид чарџери за теслата имаш на Макпетрол Визбегово и во центар на паркингот пред ЕВН кај водовод.
Фаст чарџери - 11KW има на повеќе места: На улицата пред паркингот кај Дукат, кај Зоолошка, кај Општина Скопје, во Аеродром кај Дабл Три, кај ЕВН кај Авиончето во Лисиче, на паркингот помеѓу мајчин дом и Капитол, во Влае пред порта Влае на паркинџето меѓу паркчето и порта влае, во Ѓорче кај поликлиниката, во Сити Мол на подземниот паркинг, итн...
Полнење со кредитна картичка, со тоа што ти резервираат 2000 или 3000 денари (ти си бираш колку), и ако не ги потрошиш, ти враќаат кусур после 4-5 денови. Ако веќе поседуваш сопствено возило, поднеси си за евн картичка.
Фала Симо.
Немам свое електрично возило, ќе го имам ова на 2 дена. Не сум воопшто во тек, така да, ете, баш вакви некои општи работи ме интересираа.
Пример, ако имам два циклуса на полнење, два пати резервираат по 2000/3000 ден, па после ги враќаат? Или нешо на дневно ниво, ова, она?
Ако решам, на пример, да ја пунам до 100% на некои од овие полначиве, можам? Ја остаам (не знам колку саати), без никаков проблем? Рестрикции од типот време или нешто, се доплаќа нешто?
Има ли различни типови на полначи, или кај и да отидам ќе можам Тесла-та да ја пунам?
Фала ви на сите
