Во држава без полначи, без субвенции за електрифицирани возила, без обучени сервисери во овластени сервиси за хибриди, и особено при достапност на коли од типот на BMW 3 со М пакет и Giulia Ti со сички екстри за идентична сума на пари... Хибрид да пазаруваш. Збес.
Класичен пример за терање туѓ есап. „Збес.“
Ти што не купи за 4000 евра Е46 320д? Ти купи Мито, пошто ти праи мерак. Збес. Глупости. Ако на човекот му прави мерак и си го има есапот, да е жив и здрав и да и се радува на колата!
Полначи има. Не многу, ама има. Ќе има и повеќе. Субвенции нема. Обучени сервисери има, секако. Мислам, да не измислуваме работи.
Здраво
Имам намера да земам плаг-ин хибрид. Тоа што ми треба се дневно 10тина км низ Скопје и еднаш месечно 500км на автопат.
Е сега проблемот е живеење во аеродром, каде евн има само кај капитол полнач.
Прашањето е дали има некои новитети за проширување на мрежата или најдобра опција плаќање дополнително за изградба на приклучок во гаража подземна на новиве згради во стар аеродром?
Поз
Здраво! Ја поздравувам твојата прекрасна и логична одлука да си купиш плаг-ин хибрид. Да можам да си го дозволам, и јас би! Плаг-ин хибрид за 10-тина километри на ден можеби е overkill, ама сепак е убава одлука. Зборувавме за статистики со неколку пријатели и познаници кои имаат плаг-ин хибридни возила, и сите се презадоволни. Секако, задоволството е условено од можностите за домашно полнење, но откако тој услов е исполнет, многу е полесно.
Едниот пријател, сопственик на плаг-ин хибридно возило ми кажа дека преку 85% од извозените километри му се на струја. Го полни возилото дома, во двор, на обичен штекер. Навечер, на евтина струја, секако.
Бидејќи спомна дека имаш подземна гаража, сигурен сум дека може да се изведе некаква инсталација за струја. Доколку е потребно, можеш да си вградиш и побрз (помоќен) полнач, но доколку не ти треба, можеш и на обичен штекер. Овие полначи се тазе, не знам ни цени ни ништо, ама ми улета сајтот.
https://www.moon-power.mk/Плус, ако земеш PHEV со градска автономија од околу 40-50 километри, возилото би го полнел најверојатно секоја втора или трета вечер. За тоа, можеш и на јавен полнач набрзина да завршиш работа. И во сите моменти кога имаш можност, да ја дополниш батеријата. Бара промена во начинот на користење, ама па веќе ставаме милион работи на полнач секоја вечер, зошто не и кола?
Размислувањето ти е одлично, со среќа во потрагата! Keep us updated!