За низ Македонија не ти ни треба инфраструктура дома ако го полниш, и 400км рејнџ ти е доволен.
Како мислиш дома да ги полниме кога 80% живееме во згради? Можеби ти би имал услови ако имаш куќа/гаража ама на грото население нема да му одговара па масовно да се купувааат што автоматски повлекува дека нема да има ни доволно воља да се разбработи добра инфракструктура.
Ако на тоа додадеш дека не постои интерес да се субвенцинираат електрични возила и фактот дека оди контра интерес на доста добро етаблирани и рентабилни бизниси (бензински, рафиниерии, акцизи блабла) + знаеш колку сме инаетливи и интертни за промени.
Ако на тоа ја додадеш и нашата култура за чување на она што е веќе поставено, баш пред некој ден гледав тест на електричниот 208 Скопје-Охрид-Скопје. Една од главните поплаки беше дека половина од поставените полначи не работат. Дали од немање интерес за одржување, дали од нашата желба да напакостиме, дали пак некој намерно ги саботира или е од се по малку не знам.
Некое мое размислување мада можеби има некоја надеж која не ја согледувам.