Три месеци возев C-HR на долгорочно тестирање. За тие три месеци, поминав околу 3000 км, примарно во град. Потрошувачката (на прилично ниски температури, Јануари-Февруари-Март 2019) не надмина 5 литри на 100 км. Со главење во гужви, со све.
Во право си за една работа - самополнечки хибрид не е предвиден за автономно возење на струја. Хибридниот погон е замислен примарно како асистенција, иако може да се вози на струја, дури и на повисоки брзини. Јас лесно успевав да постигнам 50-60 км/ч на струја, без посебно малтретирање. Си бара учење и навикнување. Имам пријател со нова Corolla Караван, 1.8 Хибрид, неговиот просек во град е нешто под 4 литри бензин на 100 км, со тоа што кај новата Корола, хибридниот систем е понов и понапреден во однос на тој што го имав во C-HR-от.
Електромоторот го носи најголемиот товар во оние ситуации кога (во град) колата највеќе троши - во тргни-застани моменти.