Процедурално, кај нас електричната мрежа (инфраструктура) е на граница на издржливост во пикови кога има пуштено клими во лето и грејни тела во зима.
Ако се закачат електрични возила, чиј што број прогресивно би растел со годините, ќе имаме зафркната состојба, особено во не-Скопските средини за живеење.
Електрични возила се ок работа, ама паралелно со нив треба да има инвестиција во електрична инфраструктура и производство на струја од обновливи извори.
Со сегашната ситуација ако закачиме и електрични возила, ќе рокаат трафостаници како петарди на Дижонска за нова година.