Tesla е кола што чини 100.000 евра, а внатре чувството е као во кола од 40.000 евра.
Тесла го изигра маркетингот добро. Тоа е тоа.
Имаат најдобар домет, најдобра инфрaстrуктура и веројатно најдобра технлогија за автономно возење. Прилично добро за компанија стара 10тина години.
Се согласувам со сè ова, освен можеби за технологиите за автономно возење - едноставно, нивните технологии се пуштени во употреба.
Нејсе, како што спомна
@zlatkoa - немаат постпродажба, немаат логистика, немаат сервис. На пример, луѓето кои во Македонија имаат Тесла, мораат да одат со возилото до Австрија за редовно одржување, или пак било каков зафат. И не само ние - нема сервисен центар никаде на балканот. А Тесла го тупи - на пример, на Model X-от на Телеком пукнат му беше малку задниот штоп. Тесла инсистира дека само тие можат да го сменат штопот, и дека колата мора да оди до Австрија.
Да не праиме муабет дека финалната изработка и overall фит и финиш се жали боже. Може имаат супер автономни технологии, ама мене секој ден би ми одело на нерви шкрипењето на отварањето на вратите на Model X-от (телекомскиот чкрипеше као врата од манастир во хорор филм).
Илон Маск се залета дека „ќе им покаже на конвенционалните производители како се произведуваат автомобили.“ Видовме. Од одложувања, до смешни неделни (па и месечни) производни бројки, до сериозни проблеми со контрола на квалитет, до досклопување на автомобилите во локалните сервисни центри.
Tesla го изоде патот, тука нема муабет. Ја направија идејата за електричен автомобил прифатлива и интересна и модерна и тренди. Арно ама, има зошто автомобилите се произведуваат така како што се произведуваат, има зошто си има локални застапници и продажни и сервисни центри, има зошто другите производители инвестираат милиони и милиони и милијарди во контрола на квалитет и тестирање.