Michelin не се само маркетинг(нормално плаќаш и за маркетингот), имаат одлични летни и зимски гуми. Тие досега што ги имам возено стварно ми имат оставено доста добар впечаток. Што се однесува до CrossClimate, во такви перпетум мобиле решенија не верувам, а на тестовите несакајки или намерно не се опфатени многу ситуации.
Астрата фабрички ја земав со Continental Premium Contact и не се понашаа како гуми од премиум бренд, на високи температури лето колата беше доста клизава во кривини и на нагли кочења, а што се однесува во останатиот период беа прифатливи. Така да не би купил такви. Што се однесува до петката, незнам, може би се оправени. Што се однесува до брзото трошење, воопшто не се трошеа брзо, за нешто над 40 000км колко што ги возев имаа околу 4-5мм шара.
Јас повеќе би одел на Michelin Energy Saver Plus, поради тоа што претходно не бев задоволен од Continental.