Цена за CrossClimate во таа димензија е 3750 денари. Ме замислија некои колеги форумџии за исплатливоста на all-season гуми ама ако удриш детална математика... добиваш следни бројки.
Ќе земеме купување на два сета (зимски и летни) гуми од средна класа + сет бандажи (или секоја година менување).
Не знам цена за Hankook во таа димензија, ама судејќи според зимски Сава кои се 10200, Hankook би требало да чинат околу 11000 денари.
11000 + 11000 = 22000 денари.
Дополнителен сет бандажи - 3000 денари.
Вкупно 25000 денари.
Проектиран рок на траење на двата сета би требало да е 7 години (иако се сомневам дека колата ќе се задржи уште толку во фамилија). 25000/7 = 3570 денари по година.
--------------------------------
Математиката за CrossClimate е многу поедноставна и изгледа вака:
Ако сметаме дека гумите би траеле 4 години, а воопшто не гледам причина да траат пократко (може само подолго), тоа би било 15000/4 = 3750 по година.
Предност на еден сет гуми е што нема грижи околу складирање, нема грижи околу менување, и еден многу битен факт, наеднаш ти идат „само“ 15000 денари од џеб, наспроти 25000.
Мислам дека падна одлуката, гуми има на лагер во Пнеуматик, ќе се гледа што поскоро да се посетат.
