Спортекс потполно истото мислења и јас го имам за овие Мишелин Тур ХП, претходно со нови Геоландер и Вранглер не беше ист ефектот, кога барав гуми за мојот РАВ4 скоро сите форуми што ги прочитав немаше некој кој не е презадоволен од Тур ХП, е сега најскапа гума за таа големина е ама па вреди секој денар!
Кочењето беше прва работа која ја приметив, еве и после 15.000 км поминати гумите сеуште се како нови со шара скоро непроменета, би требало да имаат некој век од 50-60 илјади во добри услови на автопат.
Првиот пат кога закочив исто како тебе во непредвидена ситуација буквално ми ја вкопа колата во место без големо непријатно чувство внатре. Ептен добро лежат овие гуми, не верувам дека постои подобра опција за летна гума, за зима не знам како ќе се покажат ама најверојатно е да одам со други зимски, Пирели сотозеро ги фалат ептен (иако се малку тврди).