Често гледам препораки за Matador All Weather, но не знам дали препораките се од искуства или рекла казала.
И во друга прилика сум пишувал за гумите, пред некоја година јас ги ставив на Пасато, нови скроз на скроз. После месец - два падна малку снег, 5 сантими.
Не можев да излезам од паркингот на - 1, по рампата, се разлизгаа на снегот, санка. Додека се измачував и решив да одам по лопатата, комшијата со Алтеа и со Сава Ескимо на кои му било трета зима по ред, излезе без никаков проблем, би рекол како со ратрак, никакво пролизгување. Сум имал уште една прилика да ги тестирам на снег, тапа.
Од тогаш престанав да се ослонувам на Матадорот за во снег. За на дожд, за на жешко се ок, ама за на снег се тапа
Тоа е моето искуство, можеби лоша серија биле
