Препорака + некои прашања за гуми.
Купив половен Peugeot 3008 со 215/65 R17 Michelin Primacy, кои се скоро за на отпад, посебно задните. Си мислам да купам 4 нови.
1. Што би препорачале од тип на гума? Летни или All season? Од Кавадарци сум така што е (претежно) изгор лето „блага“ зима

Лично ме убива тоа менувањето гуми 2 пати годишно... Какво исксуство имате со All season?
2. Би преферирал да ги порачам онлајн. Може да ми кажете кои сајтови/продавници се најдобри/ имаат солидни цени? На аудито старо секогаш купував од локални дилери или вулканизери и постојано завршував со Сава или Тигар, нели по препорака нивна дека се најдобри и другото е џабе пари фрлање

И по 2 сезони се претвараа или во чиста пластика или не личеа на ништо.
Фала!