Често гледам препораки за Matador All Weather, но не знам дали препораките се од искуства или рекла казала.
И во друга прилика сум пишувал за гумите, пред некоја година јас ги ставив на Пасато, нови скроз на скроз. После месец - два падна малку снег, 5 сантими.
Не можев да излезам од паркингот на - 1, по рампата, се разлизгаа на снегот, санка. Додека се измачував и решив да одам по лопатата, комшијата со Алтеа и со Сава Ескимо на кои му било трета зима по ред, излезе без никаков проблем, би рекол како со ратрак, никакво пролизгување. Сум имал уште една прилика да ги тестирам на снег, тапа.
Од тогаш престанав да се ослонувам на Матадорот за во снег. За на дожд, за на жешко се ок, ама за на снег се тапа
Тоа е моето искуство, можеби лоша серија биле 
Дечкото што праша за мислење во старт кажа дека не му требаат гуми за на планина и за на снег. Јас разбрав дека е од Скопје (ако не грешам) и од моето 11-12 годишно искуство по Скопје, доволни се целосезонски гуми.
Некаде пишав, да поминувам Стража, Плетвар, па и да живеам Сопиште, секако би имал посебен зимски сет и не би ги вадел до 1 април.
Конкретно за Матадор, моите ги имаа 5 години на кола (Пунто 2), умерена вожња, град 99%, вршат работа. Мене во една ситуација ми пролизгаа на пешачки (декемвриски дожд, во комбинација со бојата од пешашкиот и прљавштината од гориво, масло) ама тоа мислам заради „зорт“ што им дадов. Едноставно таа гума не е за тестирање на граници на издрживост и тракција.
На повисока класа и појака кола, би одел со премиум целосезонски.