Не очекувај сега попуст на зимски. Немаат ниту на залиха во таа димензија.
Јас сакав да купам лани пред блек фрајдер беа тогаш поевтини сакав ханкок винтер рс3 ама ги немаа на залиха. А за блек фрајдеј магично се појавија на залиха ама поскапени.
На крај со петлас завршив а и за нив чекав до декември.
Во право си. Бев кај сите можни вулканизери во градов. Најдобра понуда што ја добив беше за Goodyear Ultragrip 9+ - 4500 ден. по гума (ако добро памтам, многу понуди добив јбг) комплет со монтажа, вентили и балансирање. На МЛ-от ставив Goodyear 4Seasons 3 Gen - помина веќе 50к километри со тие гуми, презадоволен од гумите, услугата и балансирањето (никакво тресење до 200), единствено не го центрираа поради некои банални причини (грешна димензија им нарачав, па се враќаа по друга димензија во друг магацин). Најлоша понуда беше за некои кинески гуми (ја заборавив марката) 4000 и 4400 по гума комплет со балансирање.