Автор Тема: Гуми - Општо  (Прочитано 1780231 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #120 на: 16 Март 2011, 03:36:22 am »
Epa ... zatoa sto e 500 ks, se si ima svoja matematika ... kaj mene swiftot e fabricki so 14ki... i e okolu 100 ks, i sea jas koa ke gi stavam 15kite se osekja... poslab zamav zimaat...

Баш затоа викам, дека не е туку така тоа со тркала, бандажи, гуми итн итн... Све си има своја филозофија. Си има зашто тие Интегри се на 15ки, а не на 18ки. Мене лично, откако турив за бројче поголеми бандажи, колата ми се препороди. Едноставно, доби сосема нов карактер, којшто и тек како ми се свиѓа.
Е сеа, зашто кај тебе со 15ки се осеќа така као што се осеќа, не би знаел... Можда имаш нешто утнато во математиката :)

Башка, Lamborghini Aventador има 700 КС, затоа реков 14ки да му турат... Со очајни 500 КС, ваљда ќе мораат да идат на варијанта 13ки со Continental EcoContact, или Michelin Energy Saver, нешто такво ;D ;D ;D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #121 на: 16 Март 2011, 08:17:28 am »
Ако дијаметарот и ширината на тркалото се запазени, нема да се изгуби на акселерација. Но затоа ќе се зголеми оптеретувањето на осовини, зглобови, јаболки, круши и тн.

Затоа и не се ставаат секакви бандажи и гуми. Потоа заради коњите и магарињата.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #122 на: 16 Март 2011, 09:42:38 am »
Ти на акордот можеш да му ставиш и 19ки и нема да има проблем, нормално... ако колата ти е само за нормално возење и за фаца....  и недај бозе да го стиснеш на гас... ке те помине тико,  е сеа на поло 1.2 со 100 кс, и да му ставиш 16ки, ке дојде некој со сфифт 1.0 и ке те збрише....
 
Зашто???  Зашто затоа што со 16ки многу се зголемува одпорот, бидејки силата на тој мотор треба да носи 14ки гуми...

И сеа со 16ките, ке ти троши колата многу повеке, а ке ти иде како поло од 60-70 кс...

И кај е ќарот тука?

Другарче ти си сериозно во грешка во врска со темава. Абсултно грешиш и не си во право. Прочитај го на гојдо постот уште еднаш, тој малку подолгиот.

Иначе со 16-ки воопшто не се зголемува отпорот за разика од 14-ти туку напротив се намалува. Со 16-ки мораш да ставиш по нископрофилни гуми кои помалку се деформираат и даваат помал отпор. А ако го зголемиш дијаметарот на целото тркало за 10% дури, сигурно нема да загубиш воопшто од перформансите. Да не спомнувам дека нема да загубиш 30 коњи или дека ќе биде забележливо. ТУка правиш грешка ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #123 на: 16 Март 2011, 11:12:50 am »
Со поголем бандаж нема да изгубиш во перформанси, но повеќе ја замараш инфраструктурата на возилото и побрзо ќе ти страдаат зглобови, јабучици, мабучици.

Ако го зголемиш дијаметарот на тркалото дефинитивно ќе изгубиш на акселерација од 0 до нешто, а можеби ќе добиеш на крајна брзина. Исто така го зголемуваш оптеретувањето на целиот пренос.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #124 на: 16 Март 2011, 12:47:29 pm »
Ја мислам, дека не праам грешка... па боже мој... сум осетил и затоа го кажувам моето искуство

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #125 на: 16 Март 2011, 13:01:47 pm »
Субјективноста е многу голем фактор кој влијае на секој човек. Јас знам дека најлесните тркала нема да направат некоја разлика во реалноста, но исто знам дека неамортизираната тежина треба да се множи со два, а ротационата со 4. Па пак сакам најлесно можно тркало на светов да имам. Од друга страна факторот реалност доаѓа и ме мава со тесла во тил и ми вели дека високопрофилните гуми се многу пологичен избор за кај нас и за низ град општо. Полесно се поминува на нерамнини и помалку се пази на тротоар и дупки. Не се големи разликите, но зошто да ги нема.
Јас одам денес конечно да треснам летен алуминиум на моето возилце.

Апел до сите кои возат наоколу, неделиве ги пумпав гумите на коливе и беа бајаги издишани - напумпајте (препумпајте) си ги гумите на колата. Се работи за абење, напор, потрошувачка, сигурност итн. Која и да ја одберете гума треба да е соодветно препумпана.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #126 на: 16 Март 2011, 14:50:02 pm »
Ја мислам, дека не праам грешка... па боже мој... сум осетил и затоа го кажувам моето искуство

Верувај ми дека е сугестивно тоа. Јас цел живот се борам да ја надминам субјективноста за да бидам што е можно повеќе во право. Но еве признавам дека субјективноста е заебана работа да се преброди. треба многу труд и што е најбитно логичко и разумно расудување.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #127 на: 16 Март 2011, 14:50:38 pm »
Апел до сите кои возат наоколу, неделиве ги пумпав гумите на коливе и беа бајаги издишани - напумпајте (препумпајте) си ги гумите на колата. Се работи за абење, напор, потрошувачка, сигурност итн. Која и да ја одберете гума треба да е соодветно препумпана.

како бе соодветно препумпана? Зошто препумпана? Тоа носи еден куп лоши страни и ризици.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #128 на: 16 Март 2011, 15:25:53 pm »
Апел до сите кои возат наоколу, неделиве ги пумпав гумите на коливе и беа бајаги издишани - напумпајте (препумпајте) си ги гумите на колата. Се работи за абење, напор, потрошувачка, сигурност итн. Која и да ја одберете гума треба да е соодветно препумпана.

како бе соодветно препумпана? Зошто препумпана? Тоа носи еден куп лоши страни и ризици.
Соодветно препумпана. Најчесто гумите ни се под 2.0 а треба да се 2.2, затоа велам препумпана. Си има варијација од натоварено и не, итн. Ама генерално треба да има извесен притисок. Јас најчесто ги препумпувам на 2.25-2.3 зависи на колку оди пумпата, и тие ќе си изгубат малку во текот на месец два и просечно си е точен притисокот. 2.2 е за ненатоварена, така да ако ставиш нешто внатре за носење (најчесто за отворено) колата е веќе спремна.
Од друга страна помала напумпаност макар и малку е лошо, а камо ли што сите наши гуми се бајаааааги помалку напумпани од 2.2.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #129 на: 16 Март 2011, 15:29:17 pm »
Па нели зависи од колата? И тоа притисоците се однесуваат на ладни гуми. А кога ќе се загреат гумите а особено бандашот притисокот внатре расте. Не треба и да се претерува.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #130 на: 16 Март 2011, 15:38:19 pm »
Далеку од претерување. Малку правиме муабет. Просечната вредност во 2 месеци е пак точна. Притисокот расте при со температура. А под полно оптеретување на возилото задните гуми треба да се близу 2.5, дали ти ги допумпуваш кога одиш на одмор? Не, возиш со помал притисок, па никому ништо.
Најголем непријалет ни е малиот притисок, и треба да целиме просечно да сме блиску до напишаното. А тоа може ако ги пумпаме и дишиме гумите во зависност од температурата и оптеретувањето, или ако имаме средна вредност на нашето везење, па според тоа. 90% од гумите бараат 2.3 напред и 2.2-2.5 назад зависи од колку често ја товариш. Јас никогаш не ја товарам па возам со 2.3 напред и 2.2 назад од логични причини.
Секако екстремни гуми бараат и екстремни вредности, но ретко кој од нас има АМГ или Корвета.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #131 на: 16 Март 2011, 16:25:23 pm »
јас на спаркот ги пумпам 2,1 напред и 1,7 назад. Назад драстично помалку за да ми биде потивко оти лесно е и амортизерите тропаат речиси неподносливо ако си со затворени прозори...

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #132 на: 16 Март 2011, 19:01:30 pm »
Луге неможам да се објаснувам и да се докажувам, значи од трки и агресивно тргаење сум скршил 3 мењачи, и околу 20 сетови на ламели, корпи и друг лагери, зглобови,не праам муабет што сум ги кинел предниците, сум одпунктирувал држачи, сум кинел штрафови, носачи...

Јас кажувам дека од фабричките 175-65-14 и сеа вие да ставите 205-50-16 и ке се осети и те како разлика...

Еве ке кажам 2 примери, имам другар имаше Астра 1.7ТД од 2001 година, и сеа астрата негова фозеше фабрички 185-65(60)-15 и сеа младо дете зема и стави 215-45-17 напред, и 225-45-17 позади, и што доби ???

За кратко време цела предница се растропа, колата почна да му троши повеке, и изгуби на забрзување... Пред тоа со 15ките... имаше сила колава, и чкрипеа и гумите и од прва кон втора ке зачкрипеа... и пред да дојде зимскиот период, пак ги враќа обичните бандажи и одма се осеќа она старото забрзување, убаво влечење и чкрипење....

Е сеа друг пример, Земи гума од кола еве нека е 15ка, и земи гума од камион 22,5 и пробај да ги побутеш.... значи без да употребиш сила гумата од кола иде лесно, а за гумата од камион богами ке се помачиш...

Епа другари мој, ете го тој мој пример, што сакам да ви го објаснам...  значи со помалата гума полесно се движи колата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #133 на: 16 Март 2011, 20:45:25 pm »
Епа другари мој, ете го тој мој пример, што сакам да ви го објаснам...  значи со помалата гума полесно се движи колата.

Па добро бе Гојдо за кого се мачеше да објаснува? Ајде кажи ми која брзина колата полесно ќе тргне со прва или со трета?

Фала богу дека со помала гума се намалува final drive ratio на трансмисијата на сила од моторот до асфалтот. Тоа никој не го спори. Само проблемот е што навистина варијација на дијаметарот на тркалото (бандаж сосе гума) од 3% или 5% стварно не се осеќа при забрзување. Само се осеќа нарушената комоција ако новата гума е со понизок профил.

Еве ти и пример од моја страна. На Спаркот имав 155/65 -13 и ги сменив за 155/70-13. I go dobiv slednovo:

Stock Tire - 155/65R13         >Search Tires    Tire 1 - 155/70R13         >Search Tires

Actual Speed:   60 mph   100 km/h
   
Speedometer1:   58.3 mph   97.1 km/h
Speedometer Difference: -   Speedometer Difference: 2.910% too slow
Diameter Difference: -   Diameter Difference: 2.84%

Разлика во дијаметарот скоро 3% и кога брзиномерот покажува 97 км/ч колата оди 100 км/ч.
Разлика во перформанси и забрзување? колку што ми се остри сетилата - 0. Една голема нула!!!
Дозволена разлика во дијаметри е 3%. Некој друг и дупло разлика во дијаметарот да покаже се кладам дека разликата што може да се примети ќе биде исто нула.
Ама затоа добив многу помеко возење. како друга кола да имам и плус Мишелинките забележително подобро лепат за асфалт особено на некои бавни кривини кога ќе сецнам под рачна. Тоа не беше случај и со фабричките Кумхо КХ-15 гуми. Тие се лизгаа забележително повеќе.

Не знам што не е јасно тука

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Гуми - Општо
« Одговори #134 на: 16 Март 2011, 21:34:48 pm »
Луге неможам да се објаснувам и да се докажувам, значи од трки и агресивно тргаење сум скршил 3 мењачи, и околу 20 сетови на ламели, корпи и друг лагери, зглобови,не праам муабет што сум ги кинел предниците, сум одпунктирувал држачи, сум кинел штрафови, носачи...

Ова мислиш дека е за фалење?