Јас се мислам дали да го шитнам зимскиот сет, и кога ќе дојде време, да турам нов сет all season, пошто тука ми имаат поента - летата не се толку топли, а зимите не се толку ладни, па некако температурата е согласна со оптималниот дијапазон на функционирање на All Season гуми.
Задоволен сум од Good Year 4 Vector, гледам со цени/перформанси тука се негде и Continental AllSeasonContact и Michelin Cross Climate+, додека Nexen NBlue 4Season некако отскокнуваат од аспект на добиени перформанси по вложена цена.
Мислев дали да правам два сета, односно да го извозам сегашниот ол-сизн, па наредна зима да турам две нови зимски, па после тоа да купам сет нови летни, ама што знам, некако се пишмануем од целата работа, пошо ми делува како да не ми требаат посебни сетови.