Дојде време за нови летни гуми. Што би препорачале вие за димензија 225/45/17 ? Докај 400 евра комплет ? Солидна гума значи некоја, немора да е спортска, ама понекогаш знае поагресивно да се вози колата..
Не си влагајте во филмови најдбронамерно ви кажувам за која гума имала повеќе грип, пошто се утепавте возење по стази. За идење на Стража/Плетвар или по-динамично возење на Партизанска и влагање во кривина во град со 70км/ч секакви гуми од средна и висока класа ќе ви свршат повеќе од што треба.
За таа димензија и буџет до 100 евра моја препорака е нешто од класата на Ventus Prime 2/3, Primacy 4, Pirelli p7, Continental PremiumContact 6 (сеа нешто и овие ебаваат со имињата) и секоја останата touring класа на гуми. Не би ги преопрачал нивните спортски ориентирани модели.
Ханкокот В12ЕВО го возев доста време на Меганот неможам да кажам дека сум задоволен пошто брзо се трошеа и најважно секоја сезона купував по една нова гума зошто им се искачаа меурчиња по ѕидовите. Значи ги преплатив 4 пати.
Од искуството на брат ми GoodYear Eagle F1 се одлични, јас исто имам мало искуство, не се трошат брзо, квалитетна и тивка гума.
Јас се мислам дали да го шитнам зимскиот сет, и кога ќе дојде време, да турам нов сет all season, пошто тука ми имаат поента - летата не се толку топли, а зимите не се толку ладни, па некако температурата е согласна со оптималниот дијапазон на функционирање на All Season гуми.
Задоволен сум од Good Year 4 Vector, гледам со цени/перформанси тука се негде и Continental AllSeasonContact и Michelin Cross Climate+, додека Nexen NBlue 4Season некако отскокнуваат од аспект на добиени перформанси по вложена цена.
Мислев дали да правам два сета, односно да го извозам сегашниот ол-сизн, па наредна зима да турам две нови зимски, па после тоа да купам сет нови летни, ама што знам, некако се пишмануем од целата работа, пошо ми делува како да не ми требаат посебни сетови.
Па со оглед на климата во која што живееш ол-сизон по мое се идеален избор и јас лично би продолжил да возам со Good Year 4 Vector Michelin Cross Climate+,