Ви благодарам на споделените искуства!
Свесен сум и самиот дека е ефтина гума, но од друга страна, за кола која скоро и да не излегува од град, можеби еднаш, двапати годишно, повеќе пари не ми се даваат за гуми кои во својот век нема да поминат повеќе од 20-25000 км, а после петтата сезона секако ќе ги фрлам.
Моментот е дека за 200 денари плус по гума (ете 250 нека е) се купува попроверена марка, на пример Сава која рака на џигер е подобра гума од рандом кинески. Не е голема разликата во пари, а душичката некако како поспокојна би ми била. Во ценовен ранг од околу 2000 денари (за димензијата која ја вози Кампусот) има и други гуми, кои за воља на вистината стигнале до некои реномирани тестови (за разлика од еден куп кинески кои не учествуваат во такви тестирања... ако во последно време стигнале до таму, јас се извинувам, не сум ептен во тек, не ми требаат гуми за сега
).
Секој за себе, ама јас увек го земам тоа што би било најдобро за зацртаната сума (увек со расположение за нешто плус ситно), не најскапо, ама не ни најевтино.
Сум возел Firestone, Sava, Tigar, Bridgestone, Michelin... Tigar се дно дна, ама треба да се заеби човек за да ја научи лекцијата. Моментално возам Hankook, не се скапи, цена-перформанси=таман.
Моето размислување оди вака (и не мора сите да се согласат, секако):
Гумите се единствениот контакт што моето возило го има со подлогата. Тие четири мали парченца контакт-површина се контактот што моето возило - кое тежи повеќе од еден тон, и во кое се возам јас и моите другари/семејство, итн - го има со улицата под мене.
Едноставно, не ми се ризикува со гуми со непознато потекло.
Океј, ќе рече некој „ама јас не возам брзо, не се занесувам, мене не ми требаат кујзнае-какви гуми.“ Во ред - го разбирам тоа. Но и при брзини од 120 километри на час (на автопат) може да се случи да налетам на стоечка вода, или на нешто слично, или да ми треба нагло да закочам. Во тие услови, разликата може да биде голема - и во финансии, и во повреди.
Не знам дали го видовте видеото од Engineering Explained - пробува некои ноунејм (Fuzion) гуми, и прави тестови. Во кочење од 60 милји на час (нешто под 100 км/ч), разликата во кочење на никаквите гуми во однос на Бриџстоун гумите беше скоро 11 метри!
11 метри!Апсолутно се согласувам со
@Carpathian Lord - секогаш ќе изберам попроверена марка.
Кај нас има стигма да речеме кон Nexen гуми, и луѓе мислат дека се кинески. А не се, сосем добри гуми се, и имаат океј цени. Во моментов возам Hankook V12 Evo2 на Голфот. Гумите не се најдобрите, ама се добри. Ако сум во ситуација да не можам да си дозволам Continental, Michelin, Bridgestone, Pirelli или нешто слично - ќе земам Hankook, Toyo, па и Nexen.
Како што реков. Не ми се ризикува.