Многу непрофесионални, то ест лепешкари испаднаа од Stop & Go.
Пред десетина дена се мислевме со брат ми што гуми да смени летни на неговата кола. Наваму натаму, падна одлуката на Ханкок, јас ги возам, не се лоши. Се јавувам да прашам што цена ќе излези, со клуб картичка (голема работа, 100 денари кошта и онака, а и без неа иста цена се гумите, само смотаните како мене си купуваат таква) и фино лепо ми даваат цена, ама ми кажуваат дека нема на лагер, ќе стигнат за десетина дена.
После десетина дена (денес) се договараме со брат ми да му ја однесам колата во Stop & Go да и сменат гуми. Се јавувам да прашам дали стигнале, дали има гужва, како е ситуацијата. Стигнале, нема многу гужва, цената поскапа. Зошто? Овие биле понова серија, Kinergy Eco 2. Во ред, не е проблем, ајде така нека е. Одам после 1 час со колата, правиме пресметка, продавачот ми кажува друга цена, уште поскапи. Овие новите се по 1000 денари поскапи од постариот модел, ама со клуб картичка ќе направиме попуст... поскапо од пред еден час

Се изнервирав, ме дупат на здрав памет, што ги ебам ќе ги сечам, ќе ставиме други од друго место.
Ги препорачував Stop & Go, ама испаднаа муфљузи, не ги поштовам повеќе
