ПНЕВМАТИЦИ - ГУМИ „OLL SEASON“ - НЕ Е ИСТО ШТО И „ЗИМСКИ ГУМИ“
Повеќето возачи на моторни возила за жал, цврсто се убедени и мислат дека „OLL SEASON“ гумите се за сите сезони, односно целогодишни и дека еднаш кога ќе ги постават на возилото – не треба да ги менуваат ( како на пример: со летни или зимски гуми).
Но, всушност реалната состојба е сосема поинаква од онаа што ја замислуваат – при што „OLL SEASON“ пневматиците, се дизајнирани за добри перформанси во зима и во лето, и добри перформанси за суво и топло време, па и на влажни коловози, но истите сепак, во ниту еден случај, НЕ СЕ ДИЗАЈНИРАНИ ЗА ЕКСТРЕМНИ ЗИМСКИ УСЛОВИ, НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ, СНЕГ И МРАЗ.
Гумите „OLL SEASON“ се наменети за возење низ цела година. Овие гуми се само еден обид на светските производители да направат гуми кои добро ќе се однесуваат и во лето и во зима, што секако тоа не е возможно на нашето поднебје, каде во зима температурата паѓа поприлично испод 0º целзиуси, а преку лето се качува повеќе од 35º целзиуси.
Овие гуми се премеки за во лето, а претврди за во зима. Во лето се абат многу побрзо од летните гуми, а во зима се многу покрути од зимските гуми.
Сепак, најголема мамка за купувачите на ваквите гуми, преставува финансиската заштеда преку заблудата во смисла дека не треба да купуваат летни или зимски гуми, но кога подобро ќе се размисли, тоа не е баш така, бидејќи тоа не е гума за сите сезони или целогодишни гуми, бидејќи брзо се трошат – абат на висока температура и тешко може да издржи повеќе од 2 – 3 години на задоволително ниво, односно немате соодветна гума на вашето возило, ни за во лето - ни за во зима, односно во никој случај не можат тие - да ги заменат зимските гуми.
Овие гуми се единствено прифатливи во земји каде што немаат преголеми осцилации во температурите, како што се: Англија, Ирска, Велс и др.
Затоа, за да немате непријатни средби со сообраќајните полицајци – во возилото носете си синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или адекватни други помагала, предвидени согласно законската и подзаконската регулатива.
