Така, така, брзината е опасност..
Ова ке му го кажеш на таткоми ако случајно го видиш некогаш во град да го дрнка нашиот болид, слободно застани го и посочи му дека вози со гуми напред кои се тепсија рамни, а позади со темпирани бомби, притоа има скршен федер на предно лево, a и претерано голема луфта на воланот има затоа што делот кој го спојува воланот со летвата има гума, таа сега ја нема и воланот е хотел промаја.
А тоа е затоа што ЈАС не ја одржавам колата. Jас ако се прашувам, овака нема да одржавам возило во кое се возам секојдневно, но со мојот татко во тој поглед јас неможам никако да испаднам на крај, затоа што такотми на кола не гледа како возило да уживаш, туку магаре, вол, терај и товарај го додека може, по можност никогаш да не го нараниш и напоиш, а кога ке умре да пцуеш зашто умрел.
Така да тоа е тоа, додека работев, пробав некои работи за кои јас сметав дека се неисправни да ги сменам, и имав доста расправии, во стилот ако го направиш тоа, не ти ја давам да ја возиш, да не си се осмелил да ја носиш по мајстори колата.
И тоа е тоа.
Сеа појасно ти е ?
Јас со мојот татко во поглед за возење и безбедност имаме наполно различни ставови. Таткоми е тој кој што цел живот возел неисправни службени возила и за него нашава кола во моментов била во извонредна состојба. Ама за тоа донекаде се криви и техничките станици што пуштаат возила на лепе очи. Незнам како нашава поминува на технички, еве ке ви кажам, се работи за ПСС на зајчев рид, тие ја пуштаат нашата кола како технички исправна за во сообракај.
Кога немаше порано приватни станици и кога здружение на град скопје вршеше прегледи, тој бркото во Кисела Вода стално не вракаше, ама затоа колата беше технички поисправна.
И то.
