Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 631394 пати)

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4005 на: 13 Ноември 2025, 19:15:06 pm »
Ахааа, ја мислев кај Нлб, На „Мајка Тереза“ (Водњанска) ќе се дешава ова.. Ок, ова може. А од западната страна? Кај ќе заврши?

Не знам дали важи уште овој план (види го видеото внатре): https://samoprasaj.mk/naacik/golem-kruzen-tek-i-visokokatnici-nov-udar-za-humano-skopje/ ама ако да, тогаш треба да има голем кружен тек, Теодосиј Гологанов и Народен Фронт да станат еднонасочни во различен правец, и под кружниот да има тунел кој што после ќе излага на Теодосиј Гологанов и во кој ќе може да се влезе од Народен Фронт.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4006 на: 13 Ноември 2025, 19:26:02 pm »
Да, треба да има кружен кај Нова Македонија и таму да искача подземната улица.

А им се смеевме на Интегра....

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44482
  • Il Moderatore
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4007 на: 13 Ноември 2025, 19:28:11 pm »
Госпо напомош со решенијава а и за време изведба, пошто ќе нѝ онадат матер 5-10 години градежни работи у сред центар. 
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7547
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4008 на: 13 Ноември 2025, 19:56:56 pm »
Госпо напомош со решенијава а и за време изведба, пошто ќе нѝ онадат матер 5-10 години градежни работи у сред центар. 

Ако ги почнат тие кружни, а ваму момин поток не е средено... мало че ни бити два ока за плакање. ;D

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8966
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4009 на: 13 Ноември 2025, 21:29:16 pm »
Ја има некој видено улицава дали навистина постои?
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4010 на: 14 Ноември 2025, 01:18:58 am »
Госпо напомош со решенијава а и за време изведба, пошто ќе нѝ онадат матер 5-10 години градежни работи у сред центар. 

Ако ги почнат тие кружни, а ваму момин поток не е средено... мало че ни бити два ока за плакање. ;D
Па најава за следна година да се почне со БТР, што значи затварање на Партизанска или функционирање на 1 лента у правец.

Не е лошо да се преспијат следните 10-15 години или да се појде на некое понормално место да се живее.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6945
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4011 на: 14 Ноември 2025, 07:36:36 am »
Ја има некој видено улицава дали навистина постои?

Сигурно е направена, па изградени објектите, TBM скапи се.  :D

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11094
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4012 на: 14 Ноември 2025, 09:14:41 am »
јас би сакал само да излезе некој од експертите и да објасни каде ќе се пренасочи сообраќајот од тој дел на центар кога би почнале градежните работи
се работи за пренасочување од 10-тина години

инаку под Лимак постои комплетна сообраќајница со вентилација со сите салтанати

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 905
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4013 на: 14 Ноември 2025, 09:25:01 am »
Ја има некој видено улицава дали навистина постои?
Кога се градеше Лимак хотелот, до него беше прво направена улицата подземна (висеа хидрантите од лимак во воздух, за да биде пуштен во работа порано). Не знам што се прави драма околу улицава, кога е најавена пред 10 год, а почната со правење пред 5-6. Позади НЛБ треба да има кружен тек голем, и од таму да се влегува во тунелот, под зградите Лимак

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6945
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4014 на: 14 Ноември 2025, 10:35:55 am »
Неискористен потенцијал има моментално улицата, можи легално драг трки таму без да пречат на никому.  ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3308
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4015 на: 14 Ноември 2025, 11:20:58 am »
„Гужвата„ во строгиот центар на Скопје може да се реши ИСКЛУЧВО со одлично организиран јавен превоз.
Сегашното решение со јавниот превоз е бедно, и ултра лошо. БРТ ќе го реши делумно проблемот, но за него треба реализација и време.

Тоа што може веднаш да се направи е, екстремно зголемување на автобуските линии 2, 5, 19, 57. Буквално да има на секои 5-10 минути автобус на секоја линија од 06:00 до 18:00.
Сообраќајот во централно гратско подрачје да биде забранет од 06:00 - 18:00. Секој што има потреба да се движи може да користи, автобус, такси, тротинет, точак.
Паркингот во Централно подрачје за нерезиденти да биде 300 денари од саат.

Прво нека ја решат мобилноста на луѓето што циркулираат во и околу Центар. После нека го прават кружни текови, приклучни улици кај Лимак и слично.
Дури и да ги направат кружните текови, подземната сообраќајница, централното подрачје треба да остане пешачка зона + Јавен превоз.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4016 на: 14 Ноември 2025, 11:31:58 am »

Лесно е вака да кажеш ако не живееш и не работиш во Центар.

Како јас да отидам до канцеларија да товарам компјутери, како да идам до магацин да товарам, лесно е пиши да се забрани па на рикши ќе ги носиме.

Еве работам во Делчево, живеам во Центар, имам гаража, со БТР ќе терам на работа? Не ти држи вода муабетов за забрана.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4017 на: 14 Ноември 2025, 11:34:11 am »
Ја има некој видено улицава дали навистина постои?
Еве ја:

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3308
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4018 на: 14 Ноември 2025, 12:05:55 pm »
„Гужвата„ во строгиот центар на Скопје може да се реши ИСКЛУЧВО со одлично организиран јавен превоз.
Сегашното решение со јавниот превоз е бедно, и ултра лошо. БРТ ќе го реши делумно проблемот, но за него треба реализација и време.

Тоа што може веднаш да се направи е, екстремно зголемување на автобуските линии 2, 5, 19, 57. Буквално да има на секои 5-10 минути автобус на секоја линија од 06:00 до 18:00.
Сообраќајот во централно гратско подрачје да биде забранет од 06:00 - 18:00. Секој што има потреба да се движи може да користи, автобус, такси, тротинет, точак.
Паркингот во Централно подрачје за нерезиденти да биде 300 денари од саат.

Прво нека ја решат мобилноста на луѓето што циркулираат во и околу Центар. После нека го прават кружни текови, приклучни улици кај Лимак и слично.
Дури и да ги направат кружните текови, подземната сообраќајница, централното подрачје треба да остане пешачка зона + Јавен превоз.

Лесно е вака да кажеш ако не живееш и не работиш во Центар.

Како јас да отидам до канцеларија да товарам компјутери, како да идам до магацин да товарам, лесно е пиши да се забрани па на рикши ќе ги носиме.

Еве работам во Делчево, живеам во Центар, имам гаража, со БТР ќе терам на работа? Не ти држи вода муабетов за забрана.

Ако фирмата има седиште во Центар, ќе има дозвола за возило службено да вози во центар.
06:00-07:30 - 18:00-20:00 во овие временски рамки, товари истовари што сакаш прави.

Тоа што фирмата е лоцирана во центар, треба да биде хендикеп, не предност.
Ако живееш во центар треба да имаш одлични опции за јавен транспорт да се движиш низ Скопје и да немаш потреба да користиш возило.
едит
Ако живееш во Центар и работиш во Делчево, јебига друже. Ќе си бараш чаре.
« Последно менување: 14 Ноември 2025, 12:13:45 pm zlatkoa »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30194
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4019 на: 15 Ноември 2025, 08:43:38 am »
Делумно се согласувам и со двајцата. Јас немам проблем да има сообраќај во Центар, ако има каде да се паркира. Фирми што имаат сопствени паркинг места, нека тераат. Ама на пример достава на роба во маркети, итн, треба да биде ограничена до 06:30 наутро. А не кај Максим Горки да блокираат сообраќај поради достава во Тинексот во 07:15.

Плус, сè додека повеќето бизниси и целата државна администрација се концентрира во еден дел од градот, нема да има решение. На луѓето им треба да одат во Центар, не дека сакаат. Ама ги носи работа, ги носат обврски. И за жал со бедниот јавен транспорт, скоро и да нема друга опција освен кола.

Еве на пример, може и со точак. И се стига релативно лесно. И да речеме дека ми треба да отидам во Центар и да завршам обврски на 4-5 различни места и реално, точак е супер опција за тоа. Ама кога ќе стигнам во Центар, нема безбеден и обезбеден паркинг каде да го оставам и да не ми го украдат. Дури би платил за тоа.