„Гужвата„ во строгиот центар на Скопје може да се реши ИСКЛУЧВО со одлично организиран јавен превоз.
Сегашното решение со јавниот превоз е бедно, и ултра лошо. БРТ ќе го реши делумно проблемот, но за него треба реализација и време.
Тоа што може веднаш да се направи е, екстремно зголемување на автобуските линии 2, 5, 19, 57. Буквално да има на секои 5-10 минути автобус на секоја линија од 06:00 до 18:00.
Сообраќајот во централно гратско подрачје да биде забранет од 06:00 - 18:00. Секој што има потреба да се движи може да користи, автобус, такси, тротинет, точак.
Паркингот во Централно подрачје за нерезиденти да биде 300 денари од саат.
Прво нека ја решат мобилноста на луѓето што циркулираат во и околу Центар. После нека го прават кружни текови, приклучни улици кај Лимак и слично.
Дури и да ги направат кружните текови, подземната сообраќајница, централното подрачје треба да остане пешачка зона + Јавен превоз.