Делумно се согласувам и со двајцата. Јас немам проблем да има сообраќај во Центар, ако има каде да се паркира. Фирми што имаат сопствени паркинг места, нека тераат. Ама на пример достава на роба во маркети, итн, треба да биде ограничена до 06:30 наутро. А не кај Максим Горки да блокираат сообраќај поради достава во Тинексот во 07:15.
Плус, сè додека повеќето бизниси и целата државна администрација се концентрира во еден дел од градот, нема да има решение. На луѓето им треба да одат во Центар, не дека сакаат. Ама ги носи работа, ги носат обврски. И за жал со бедниот јавен транспорт, скоро и да нема друга опција освен кола.
Еве на пример, може и со точак. И се стига релативно лесно. И да речеме дека ми треба да отидам во Центар и да завршам обврски на 4-5 различни места и реално, точак е супер опција за тоа. Ама кога ќе стигнам во Центар, нема безбеден и обезбеден паркинг каде да го оставам и да не ми го украдат. Дури би платил за тоа.
Така де маркетите ке отвараат од 03:00 а дистрибутерите ке почнуваат со работа од 01:00 ... Каков муабет....
Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk
Ова го приметив на некоја презентација кога бев. Ранобудник сум, па се разбудив рано, пијам кафе во соба во хотел и гледам раздвижено со комбиња уште рано-рано. Ги прашав локалците што е приказната и ми рекоа дека достава до маркети е во ограничен временски период.
И придобивките се огромни. Прво, се намалува гужва и застој, особено во шпиц периодите. Поради тоа, се намалува и бучава и загадување. Од друга страна, доставувачите работат многу побезбедно и со помалку стрес и во значително помалку (односно скоро ич) гужва. Секако, дополнително се платени и имаат екстра бенефити поради работното време.
Од друга страна, маркетите си имаат задолжен персонал кој работи во тој период од денот за да ја прими робата. И е соодветно платен.
И стварно не гледам проблем со ова. Ич не ми текнува во кој град беше. Мооооожно е да беше во Мадрид или во Барселона, ама стварно не ми текнува, не ме држи за збор.