Реално и потребата од тие три проширувања искрено не ја наоѓам логиката.
Зошто тогаш и клучката за Росоман не е така изведена ?
Едноставно проширувањата немаат никаква логика, само да прават проблем, ем наеднаш доаѓаат, потоа завршетокот е толку глуп, цик цак лентите, плус постојано полна и многу од возачите остануваат во првичната лева лента и не се тргаат.
Плус тие проширувања баш допринесоа и реално за поголема цена на чинење оти доста простор е пробиван, особено онаму во клисурата
Дефинитивно еден од најлошо проектираните патишта, и најлошо обележан со полни и испрекинати линии.
Ама кога ќе видиш дека и Врбјани-Ботун опнале 100 ограничување а автопат со две ленти во правец, со лента за застанување, физичики одвоен од другиот, се е јасно, може комотно да им дадеме отказ на таканаречените инжењери.
Плус ене се пофалија дека монтирале камери-радари и на него....